|



| |
Интернет извори на тема
„Европска
унија“
Зошто е потребен преглед на интернет
изворите за ЕУ? |
Пребарувањето на
Гугл за „Европска унија“ во декември 2005
даде 2.250.000 резултати. Освен тоа, познато е дека ЕУ располага со
широка и обемна интернет
понуда, како никоја друга национална влада или друга организација. Тогаш
зошто овде, во рамките на нашиот тематски комплекс,
да се дава преглед на интернет
изворите за ЕУ? Пред сè, две причини нè
наведоа да преземеме дел од таков вид. |
Малот, високо квалитетен избор помага да се задржи
прегледот |
Како прво, фактот дека на располагање
стои такво изобилие на ресурси на веб што крие опасност во себе,
од многу дрвја да не се види шумата, со други зборови да се превидат
навистина квалитативно извонредните понуди. Затоа тука можете да најдете само многу мал избор, кој според наше искуство е повеќе од доволен, за
да најдете одговори на
речиси сите прашања за ЕУ. |
Откажувањето од сопствен
глосар се компензира
со екстерни извори
|
Втората причина се гледа во тоа
што ние, тоа ќе го
забележат посетителите, кои го познаваат претходното издание на
тематскиот комплекс,
се откажавме од глосар во ова ново издание, или попрецизно
кажано, моравме да отстапиме. Напорот за одржување,
ажурирање и превод на не помалку од девет јазици беше и е едноставно
голем. Затоа сакавме да Ви понудиме други можности на пребарување и истите
ги интегриравме во нашата мала листа на линкови. |
Структурирање на листата на линкови |
Структурирањето на линковите го
подредивме во три дела: имено најпрво
портали, тоа се интернет понуди, кои се обидуваат да Ви овозможат
опширен, што е можно поширок пристап до сè
што има врска со ЕУ: институции, политички области, институции за
истражување, кои се занимаваат со Унијата, итн. Како второ можности за
читање, тоа значи глосари,
хронологии, итн. и на крај вести, извори,
кои ви овозможуваат
да бидете ажурирани.
Се откажавме од тоа да ги
коментираме
одделните понуди. Тие
треба секому да му возможат
опширна посета. Кај сите случаи се работи за вистински
„наоѓалишта“ за
секој што е заинтересиран за ЕУ. |
[Почеток
на страна]
|