ЕУ

 

Основ. курс 1
Преглед
Содржина
Линкови


 

Европска унија

Тематски комплекс Европска унија

Кон првенствените цели на Д@далос се вбројува и целта, да се даде придонес кон „Европска цела Европа“. Што значи тоа? Тоа значи, од една страна, да ги поддржуваме заложбите за обединување на целиот европски субконтинент. Ја набљудуваме сегашната состојба како историска можност, која се создаде по епохалните промени во годините од 1989 година. А од друга страна, тоа значи дека наша цел е европска Европа, значи една Европа, која го чува и развива својот европски идентитет.

Овој идентитет се покажува во културното изобилие, но исто така и во европската култура, во која како централни европски вредности се вбројуваат демократијата и човековите права, кои неразделно се поврзани со неа. На двата аспекта им посветивме одделни, обемни тематски комплекси на нашиот образовен сервер.

Овој темтски комплекс за Европската унија се занимава со институцијата, која си постави за цел да создаде „сč потесна унија на народите на Европа“. Притоа, меѓу другото, ќе стане збор за следниве прашања:
 

 

На свој начин

Срдечно добре дојдовте во речиси целосно новиот тематски комплекс „Европска унија“, кој беше завршен во декември 2005 и кој е конечно ажуриран. Но, само ажурирањето не е во прв ред целта на ова ново издание. Кај нас пред сč се работеше и се работи за тоа да Ви ја пренесеме способноста за самите да можете да ги анализирате и оценувате развоите во ЕУ. И токму во оваа точка, за разлика од првото издание, направивме значајни подобрувања, при што, на пример во основниот курс 3 или во новиот основен курс 5, кој се занимава со проширувањето, Ви даваме едноставни, разбирливи модели, кои Ве ставаат во таква позиција. 

Мене ми останува само да Ви посакам многу успех и задоволство при разработката на новиот тематски комплекс и да Ве замолам, да ни ги соопштите Вашите впечатоци за него. Ќе нč радува секаква повратна информација.

Ваш Волфганг Шуман

bulletКако се развиваше Европската унија (ЕУ)?
bulletКако функционира таа? Кои фактори влијаат врз нејзиниот развој?
bulletКако изгледа институционалниот склоп? Кој ги донесува одлуките?
bulletПред кои актуелни предизвици стои ЕУ? Која е актуелната состојба во актуелната рунда на проширување?

Позадината на оваа обемна онлајн-понуда за ЕУ претставува фактот што познавањата за ЕУ остануваат далеку зад нејзиното практично значење за речиси сите области во Европа. Само темелното разбирање на оваа комплексна организација дозволува основано создавање на мислење, настрана од популарните предрасуди и легенди.

... понатаму кон Основен курс 1: Вовед во тематиката ...

Наша благодарност до Европската комисија, од чија „Audiovisual Library“ потекнуваат некои од користените фотографии: http://www.europa.eu.int/comm/mediatheque/index_en.html

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.