Меѓународен УНЕСКО едукативен сервер за образование за демократија, мир и човекови права
 
  D@dalos почетна Почетна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот  /// критика, коментари?

 
 

Вие сте тука:

D@dalos > Почетна > Европска унија > ЕУ-интернет пребарување

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот за ЕУ:

Вовед

Значењето на ЕУ

Што е ЕУ?

Развојот на ЕУ

ЕУ-институции

ЕУ-интернет пребарување


 Машини за пребарување

 Социјално пребарување

 Пребарување документи

 Семантичко пребарување

 Deep Web-пребарување
 


ЕУ-интернет пребарување

Вовед

Секој што сака или мора да се занимава поинтензивно со ЕУ неопходно е да го користи интернетот. Како прво со
оглед на енормното количество на информации што самата ЕУ ги става на располагање преку World Wide Web. Краток поглед на „Европа. Порталот на Европската унија, Веб-страната на ЕУ-комисијата или на Европскиот парламент даваат првичен впечаток за огромниот обем и шареноликоста на ваквата понуда.

Кон ова се придодаваат и информациите за ЕУ, коишто и за самите експерти повеќе не се прегледни, доколку се земе предвид нивниот обем. Така на пример при пребарувањето на поимот european union на Гугл во октомври 2010 беа прикажани дури 68 милиони резултати!


 

Исто така и понудата на Википедиа за ЕУ што е прикажана на следната слика, а е пронајдена со употреба на машината за пребарување Wikimindmap - се презентира во огромни размери, пред сè доколку се има предвид, дека со едно кликнување на знакот плус се доаѓа до натамошно разгранување на соодветните подгранки, додека со кликнување на зелените стрелки во центарот се прикажува нова, во многу случаи исто така комплексна мапа со некаков поим, на пример „супранационализам“ или „Европски совет“!


Пе
чатените публикации се застарени



Веб 2.0: нови видови на извори


Друга при
чина што го наметнува користењето на World Wide Web како основа за пребарувања во врска со ЕУ, претставува постојаното менување на предметот на истражување. Како што видовме во поглавјето за развојот на ЕУ, правилата на игра се менуваат со секоја нова договорна промена. Печатените публикации едноставно не можат да се носат со таа брзина.

Освен тоа, со создавањето на Веб 2.0 се придодадоа сосем нови видови на извори како на пример блогови, вики, услуги за социјален букмаркинг и многу други. Во голем број слу
чаи тие нудат јасна додадена вредност со тоа што дозволуваат поцелисходно и побрзо барање на информациите.

Резиме: дури и една многу добра листа на линкови (на пример онаа на библиотеката при Универзитетот во Калифорнија Беркли) ни оддалеку не може да биде комплетна ниту, пред сè, да ги земе предвид специјалните интереси на разли
чните корисници. Што да правиме?

 



Прилог кон поглавјето за ЕУ-интернет пребарување

Се одлучивме да ви покажеме, какви можности и инструменти за пребарување постојат актуелно и како можете да ги користите за да ги добиете токму тие информации, коишто ќе ви бидат потребни во одреден момент, за да можете да пронајдете примери за конкретни случаи за некоја наставна единица, најнови научни сознанија за вашата семинарска работа или најнови детали за составот на некоја ЕУ-институција.

Притоа, секако, не можеме и не сакаме да ви ги презентираме сите од вкупно околу 500.000 различни инструменти за пребарување. Тие можат да бидат класифицирани во пет типа со заеднички карактеристики. Овде сакаме да ви ги приближиме токму тие типови, вклучувајќи ги нивните предности и недостатоци, и да ви прикажеме како можете да најдете извори за ЕУ на ефективен начин.

 

Тип 1

Тип 2

Тип 3

Тип 4

Тип 5

 

Машини за пребарување
(МП)

Социјално пребарување

Пребарување
документи

Семантичко
пребарување

Deep Web-
пребарување

 


- општи МП

- мета-МП

- пребарувачки-интерфејси

- специјални МП


На пример:

- Delicious

- Diigo

- Faviki


На пример:

- Slideshare

- Scribd

- Docstoc


На пример:

- Hakia

- Kosmix


На пример:

- DeepDyve

- Science-Research

- WorldWide-Science

 

...повеќе

...повеќе

...повеќе

...повеќе

...повеќе

 


Програмата изгледа вака: ќе започнеме со најпознатиот тип, машините за пребарување. Притоа ќе ви ги презентираме, пред сè, и различните специјални машини за пребарување, преку коишто може да се дојде до извонредни резултати. Двата следни типа, социјалното пребарување и пребарувањето документи, водат до содржини што се составени односно изработени од интернет-корисници и можат да бидат од исклучителна помош. Семантичкото пребарување се заснова на нови видови технологии и е насочено кон избор на извори што пребаруваат според смисла. Секако, преку оваа алатка можете да пребарувате и во природни јазици.

Површинско и длабинско пребарување (Surface und Deep Web)

На особени предности упатуваат длабинските машини за пребарување. За да ви овозможиме да ги разберете и цените таквите предности неопходно е малку пошироко објаснување. Во целина, мрежата (Web) може да се подели на две области: површинска мрежа (англиски: Surface Web), којашто се пребарува и индексира од страна на машини за пребарување како Гугл, Бинг и многу други. Од тие индекси потоа се генерираат резултатите за вашите пребарувања.

Содржините на оваа површинска мрежа се состојат од статични веб-страни, коишто можат да се пребаруваат од машини за пребарување со помош на кроулери (Crawler). Притоа станува збор за огромни количини на нефилтрирани информации, коишто со помош на сложени алгоритми се подредуваат така што на првите страни од резултатите од пребарувањето ќе добиете приказ на релевантните извори.



Наспроти ова, содржините на длабинската или невидливата мрежа, која според некои проценки е 500-700 пати пообемна!, се невидливи за обичните машини за пребарување. Ова резултира оттаму што тие воопшто не се наоѓаат во мрежата, поради што и не можат да бидат индексирани, туку можат да бидат пронајдени само преку барање во соодветните бази на податоци. Информациите што се наоѓаат таму честопати вклучуваат и (научна) литература, упатуваат на извонреден квалитет и се неизбежни за секој што сака подетално да се занимава со ЕУ.

 



На крајот од овој вовед би сакале уште да укажеме, дека со него ви се дава увид во предусловите за да добивате високо релевантни резултати во вашите пребарувања за ЕУ. Сепак, со оглед на фактот што интернет-пребарувањето се разви во една високо комплексна специјална област, овој вовед ни оддалеку не може да ги обработи сите аспекти.

... понатаму кон тип 1: Машини за пребарување


[© Текст и графики: Друштво Агора]
 

 

Нагоре

D@dalos почетна

Почетна

Графички преглед

Контакт

© 1998-2011 D@dalos - политичко образование, Воспитување за демократија, Образование за човековите права, Педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.), Веб: Агора