Меѓународен УНЕСКО едукативен сервер за образование за демократија, мир и човекови права
 
  D@dalos почетна Почетна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот  /// критика, коментари?

 
 

 Вие сте тука:

D@dalos > Почетна > Европска унија > ЕУ-институции

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот за ЕУ:

Вовед

Значењето на ЕУ

Што е ЕУ?

Развојот на ЕУ

ЕУ-институции

 Советот на ЕУ

 Европска комисија

 Европски парламент

 Суд за правда на ЕУ

 Европски совет

 Национално ниво

 Интеракција

ЕУ-интернет пребарување

 


ЕУ-институции

Вовед

Во другите поглавја од овој онлајн-учебник се судривме  со централните особености на ЕУ. На пример при анализата на развојот на ЕУ констатиравме:

  • дека во случајот на ЕЗЈЧ, ЕЕЗ, ЕЗ и ЕУ станува збор за нови и единствени форми на соработка;

  • дека може да се забележи една сосем уникатна коегзистенција на супранационални и меѓувладини елементи;

  • дека е реализиран исклучителен развој од една секторски ограничена до една опширна како и од една меѓудржавна до една супранационална соработка;

  • дека голем број мерки беа реализирани дури со временско одложување што донекаде траше со децении;

  • дека кругот на земји-членки е енормно проширен.


 

Во овој дел ќе се позанимаваме со институционалниот склоп на ЕУ, значи започнуваме со првите две точки од листата, така што ќе испитаме подетално, откаде всушност произлегува новината во институционалната сфера и каде можат да се идентификуваат супранационални и меѓудржавни елементи. Од ваквите размислувања произлегуваат три цели:

  • најпрво мораме да стекнеме преглед на клучните структурни обележја на ЕУ, особено на оние обележја, коишто водат до нејзина класификација како супранационална организација, значи како организација, којашто се разликува од чисто меѓудржавните односи или класичните меѓународни организации.

  • второ мораме да го опфатиме целокупниот контекст и комплексноста на ваквата структурна поставеност.

  • трето тоа значи не смееме да застанеме кај супранационалното ниво, туку во испитувањето мораме да ги вклучиме и земјите-членки.

Зошто сите овие фактори и нивоа мора да бидат земени предвид во набљудувањето? Ова произлегува од следната слика, а е опширно појаснето во поглавјето Што е ЕУ?.




Испреплетување на нивоата во системот од повеќе нивоа






Оваа графика покажува, дека актерите од националното и супнационалното ниво се застапени на ниво на ЕУ и дека дејствуваат во сите одлуки, така на пример националните влади во Советот на ЕУ и во Европскиот совет, значи на централно место; супнационалните влади во Комисија на регионите. Многу други испреплетувања се изоставени на сликата. Така на пример здруженијата се застапени во Економскиот и социјален совет. Освен тоа, граѓаните од земјите-членки ги избираат пратениците во Европскиот парламент итн.

Освен тоа, Законите на ЕУ важат директно и се обврзувачки во земјите-членки како национални закони, кога станува збор за регулативи, и тоа важи како во квантитативен така и во квалитативен обем. Со други зборови: трите нивоа се толку меѓусебно испреплетени, што мораат да бидат набљудувани и анализирани во нивната интеракција. Од таа причина во научната дискусија се говори за ЕУ-систем или за систем од повеќе нивоа на ЕУ. Оттука произлегува следната структура на ова поглавје.



Структура на поглавјето


Ќе ги погледнеме институциите на супранационално ниво, нивниот состав, нивните задачи и нивната интеракција. Притоа ќе стане збор за институционалниот триаголник: Совет - Комисија - Парламент, којшто е надлежен за законодавството. Со набљудувањето на Судот и на Европскиот совет ќе ја заокружиме сликата за супранационалното ниво. Во овој текст, којшто се смета за своевиден основен вовед, нема да се навлезе во Европската ревизија ниту во Европската централна банка, кошто се исто така органи на ЕУ.

При набљудувањето на националното ниво ќе ги разгледаме главните структурни предуслови и други централни дефинирачки елемент од политиката за Унијата на земјите-членки. Друго поглавје е посветено на интеракцијата на институционалниот склоп на ЕУ. Во тој контекст ќе биде појаснета и редовната законодавна постапка.


 


... понатаму кон Советот на Европската унија


[ Текст и графики: Друштво Агора]
 

 

Нагоре

D@dalos почетна

Почетна

Графички преглед

Контакт

1998-2011 D@dalos - политичко образование, Воспитување за демократија, Образование за човековите права, Педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.), Веб: Агора