Меѓународен УНЕСКО едукативен сервер за образование за демократија, мир и човекови права
 
  D@dalos почетна Почетна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот  /// критика, коментари?

 
 

 Вие сте тука:

D@dalos > Почетна > Европска унија > Развојот на ЕУ

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот за ЕУ:

Вовед

Значењето на ЕУ

Што е ЕУ?

Развојот на ЕУ

 Вовед

 Етапа 1

 Етапа 2

 Етапа 3

 Етапа 4

 Етапа 5

 Етапа 6

ЕУ-институции

ЕУ-
интернет пребарување
 


Развојот на ЕУ

Како што е појаснето во Делот Што е ЕУ?, кај ЕУ станува збор за една, историски гледано, нова форма на политичка организација, која во политичките науки се означува како Систем sui generis (систем од сопствен вид).

Оттаму се наметнуваат редица прашања: како можело да се изгради ваков систем? Зошто тој постојано се менува? Што се причините за таквите промени? Секако, нас н
интересира и тоа, зошто во некои фази од историјата на ЕУ имало многу малку развој, додека во други фази развојот на ЕУ имал зачудувачка динамика.

Така на пример од Римските договори од 1957 потребни беа три децении, за да дојде до првата голема договорна ревизија во 1987 со Единствениот европски акт. Но, потоа дојде до ненадеен брз развој. Со брз редослед беа реализирани големи договорни ревизии:

  • 1993 Договорот од Мастрихт

  • 1999 Договорот од Амстердам

  • 2003 Договорот од Ница

  • 2004 Уставен договор (2005 неуспешно)

  • 2009 Договорот од Лисабон


 

Цели на ова поглавје

Во ова поглавје ќе се обидеме да дадеме одговор на наведените прашања, при што во центарот на вниманието ќе биде клучното прашање за водечките сили и препреките во процесот на интеграција. Тоа значи, дека развојот на ЕУ нема да н
интересира само како редослед на етапи и поставување темели на важни теми. Доколку успееме да одговориме разумно на клучното прашање, во тој случај покрај моделот на систем од повеќе нивоа од поглавјето Што е ЕУ? на располагање ќе ни стои втор инструмент, којшто ќе помогне да ја разбереме ЕУ.

Притоа нема да стане збор за тоа, да го разбереме досегашниот развој на ЕУ. Важна цел на ова поглавје е исто така, да можеме да ги класифицираме и оцениме идните случувања. Сепак, долгорочната перспектива на една ЕУ што постојано се менува претставува централен предуслов за да можеме да стекнеме самостојно разбирање. Секој што не знае, како се создадени институциите и нивната интеракција и како тие се развивале низ кризи и компромиси, разбирањето за ЕУ ќе му остане непознато. Само преку долгорочна перспектива можат да се препознаат важните дефинирачките фактори што помагаат во објаснувањето на напредоците и кризите во минатото исто како и на оние од сегашноста и иднината.

 



Структура на поглавјето
 

 

Вовед

Преглед, шаблон за анализа и резиме на сознанијата

Етапа 1

Од крајот на Втората светска војна до Римските договори

Етапа 2

Од Римските договори до Единствениот европски акт (EEA)

Етапа 3

Од EEA до основањето на Европската унија (ЕУ)

Етапа 4

Од Договорот од Мастрихт до Договорот од Ница

Етапа 5

Макотрпниот пат кон Договорот од Лисабон (Конвентот и безуспешниот устав)

Етапа 6

Преглед на новините од Договорот од Лисабон

 


... понатаму кон воведот во развојот на ЕУ


[ Текст и графики: Друштво Агора]
 

 

Нагоре

D@dalos почетна

Почетна

Графички преглед

Контакт

1998-2011 D@dalos - политичко образование, Воспитување за демократија, Образование за човековите права, Педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.), Веб: Агора