Меѓународен УНЕСКО едукативен сервер за образование за демократија, мир и човекови права
 
  D@dalos почетна Почетна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот  /// критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

D@dalos > Почетна > Европска унија > Значењето на ЕУ

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот за ЕУ:

Вовед

Значењето на ЕУ

Што е ЕУ?

Развојот на ЕУ

ЕУ-институции

ЕУ-интернет
пребарување
 


Значењето на ЕУ

Во ова поглавје сакаме да издвоиме малку време за да подразмислиме за предметот, со којшто се занимаваме - политичкиот систем на ЕУ. Зошто воопшто да се занимаваме со ЕУ, што е тоа што ја прави ЕУ интересна и важна? Кои особени барања се поставуваат при соочувањето со оваа сосем специфична креација?

Првата точка што ја прави ЕУ толку интересна е нејзиното извонредно практично значење: таа е врежана не само во политиката и економијата, туку и во секојдневието на граѓаните во с повеќе области. Како пример за ваквото влијание може да послужи влијанието од воведувањето на еврото како платежно средство од 1.1.2002.


 

Во меѓувреме работите одат дотаму што разбирањето на политичкиот систем на една земја-членка без познавање на ЕУ повеќе едноставно не е возможно. Важни одлуки повеќе не се донесуваат само во главните градови на земјите-членки, туку во Брисел, како што е прикажано на следната табела.


Развојот на надлежностите ЕУ

Легенда на табелата:
1 = нема надлежности на ЕУ
2 = ограничени надлежности на ЕУ
3 = распределба на надлежности помеѓу ЕУ и земјите-членки
4 = ексклузивни надлежности на ЕУ

[Извор: Сајмон Хикс, Политичкиот систем на Европската унија, Палгрејв Мекмилан, Бејзингстоук и др. 20052, 20-21 (Simon Hix, The Political System of the European Union, Palgrave Macmillan, Basingstoke u.a. 20052, 20-21)]
 

Политички области

1950

1957

1968

1993

2007

Внатрешен пазар/слобода на движење

Слобода на движење на добрата и услугите

1

2

3

4

4

Слобода на движење на капиталот

1

1

1

4

4

Слобода на движење на луѓето

1

2

3

4

4

Правила на конкуренцијата

1

2

3

4

4

Стандарди за животната средина

1

2

2

3

3

(Пре) распределба на средства

Аграрна политика

1

1

4

4

4

Регионална политика

1

1

1

3

3

Истражување и развој

1

1

2

2

2

Социјална политика

1

1

1

2

2

Образование

1

1

1

1

2

Стамбена политика

1

1

1

1

1

Монетарна и даночна политика

Дефинирање каматни стапки

1

1

2

3

4

Издавање валути

1

1

1

1

4

Дефинирање стапки на данок на доход

1

1

1

1

1

Внатрешна и правна политика

Политика на имиграција и азил

1

1

1

2

3

Заштите на граѓанските права

1

1

1

2

3

Полиција и јавен ред

1

1

1

2

2

Надворешна политика

Надворешно-трговска политика

1

1

3

4

4

Одбрамбена политика

1

1

1

1

2

Развојна помош

1

1

1

3

3






Проширувања: од 6 до 27 земји-членки



Најголема економска територија во светот

Значењето на ЕУ е зголемено затоа што што таа стануваше с
поголема. Од една заедница од, своевремено, шест земји-членки, преку постепеното проширување се создаде денешната ЕУ-27, најголемата економска територија во светот. Оттаму и не е за изненадување што ЕУ стана важен актер во меѓународната политика, на пример при преговорите во рамките на СТО (Светската трговска организација, www.wto.org) или со преземање на мисиите на ОН во Босна и Херцеговија и Косово.


Преглед на проширувањата на ЕУ
 

 

6

членки-основачи: 1951/1957 Белгија, Германија, Франција, Италија, Луксембург, Холандија

 

9

Проширување на север: 1973 Данска, Велика Британија, Ирска

 

12

Проширување на југ: 1981 Грција, 1986 Португалија, Шпанија

 

15

ЕФТА-проширување: 1995 Финска, Австрија, Шведска

 

27

Проширување на исток: 2004 Естонија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Чешка, Унгарија, Кипар, 2007 Бугарија, Романија

 

?

Кандидати: Исланд, Хрватска, Македонија, Турција
Потенцијални кандидати: Албанија, Босна и Херцеговина, (Косово), Црна Гора, Србија

 






Интеграција преку правото



Единствен правен систем

По одлуките на Европскиот суд во 1960-ите, правото на ЕУ влијае директно и непосредно во земјите-членки. На тој начин правниот систем на ЕУ е единствен во сферата на меѓународната политика. Меѓу другото, ЕУ го има своето големо значење благодарение на оваа интеграција преку правото. Исто така, таа е единствената меѓународна организација, којашто располага со парламент што се избира директно од граѓаните на ЕУ (повеќе за спецификите на ЕУ види во поглавјето Што е ЕУ?).





ЕУ е важна и за граѓаните од земји што не се членки


Дека ЕУ поседува извонредно значење за граѓаните во земјите-членки може да се забележи со краток поглед во весник (иако с уште се известува за ЕУ помалку отколку што би одговарало за нејзиното значење). Но, помалку е познато дека ЕУ игра голема улога и за граѓаните на други држави. Ова станува јасно при соочувањето со прашањето, што значи тоа, кога некоја земја ќе пристапи во ЕУ (кандидати за ова во моментот се Исланд, Хрватска, Македонија и Турција; потенцијални кандидати се Албанија, Босна и Херцеговија, Косово, Црна Гора и Србија).

Она што, помалку збунувачки, се означува како преговори за пристапување, фактички значи дека земјите што имаат желба за пристапување мораат да го преземат т.н. право на Европската унија (acquis communautaire). Зад овој поим се кријат преку 80.000 страници на ЕУ-закони! За правото на Унијата не се преговара. Тоа мора да биде пренесено во односните национални правни и административни системи. Станува јасно дека на тој начин длабоко се променуваат земјите што пристапуваат. И исто така станува јасно, дека станува с потешко да се пристапи во ЕУ, бидејќи правото на ЕУ станува с
поголемо (информации за политиката на проширување на ЕУ-серверот).

Значи, ЕУ поседува големо значење не само за граѓаните на земјите-членки, туку и за граѓаните на земјите што имаат желба да пристапат во неа. Таквото значење се проширува и во рамките на ЕУ-политиката за соседство. Односите со соседите на исток (Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија, Украина, Белорусија) и на југ (Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Либија, Мароко, палестинската област, Сирија, Тунис) исто така стануваат с потесни заради обезбедување стабилност (информации за политиката на соседство на ЕУ-серверот).






Интеграцијата како успешна мировна стратегија



Пример за успешно регулирање конфликт

Понатаму, европската интеграција заслужува најголем интерес како успешен експеримент за мирно регулирање конфликт. Ваквиот аспект излезе од вид токму кај помладата генерација. Затоа е важно да се потсети на тоа, дека земјите што денес соработуваат на еден единствен интензивен начин, што имаат креирано заеднички институции и што поседуваат заедничка валута, беа горчливи воени противници до првата половина на 20 век. Тоа значи и дека тематизирањето на овој процес на премин од војна кон соработка би можело да пренесе сознанија по однос на предусловите за мирна соработка.

Вредно да се спомене е и тоа што ЕУ за политичките науки претставува особено привлечен и возбудлив предмет на испитување. Таа е поместена на допирната точка меѓу дисциплините за истражување на системите и меѓународната политика, преку што како на конкавно огледало се доаѓа до сознание, дека границите помеѓу нив с повеќе започнуваат да се разводнуваат.

Ако се набљудува развојот на ЕУ, брзите промени на уставно-правната рамка и составот на членките, се наметнуваат голем број интересни научни прашања: Кои се движечките сили за овие промени? Во која насока водат тие? Како можат да се анализираат и концепционално да се опфатат овие процеси? Значи постојат и повеќе од доволно причини за да се впуштиме во ЕУ и да се обидеме да ја разбереме.






ЕУ како нов тип на институција



Потешкотии и барања при занимавањето со ЕУ

Стигнавме до прашањето, какви особени барања се поставуваат кога се занимаваме со ЕУ. Што е она што го прави тешко соочувањето со неа?



Најпрво, имаме работа со еден сосем нов вид институции, коишто не се познати ниту од контекстот на националната држава, ниту од контекстот на меѓународната политика, а коишто соработуваат на начин што исто така нема свој пример и, дополнително кон тоа, е подложна на постојани промени. Значи исклучително макотрпно е да се стекне преглед.




Повеќестепен систем на ЕУ


Но, тоа не е доволно. Од следната слика станува јасно, дека кај ЕУ во никој случај не се работи само за  неколку нови институции што не се познати од контекстот на националната држава, туку за повеќестепен систем со три нивоа. Тие три новиа заедно ја прават ЕУ, ја определуваат нејзината политика и нејзиниот натамошен развој. А ваквиот комплексен повеќестепен систем се одигрува на различен начин во различни политички области. Начините на одлучување, тековите на одлучување и тежината на одделните институции и актери варираат многу, зависно од тоа, за која политичка област станува збор.










Управување вон рамките на националната држава



За придобивката од занимавањето со ЕУ

По овој краток и, се надеваме, незастрашувачки преглед на особените барања што се поставуваат при занимавањето со ЕУ, секако се наметнува прашањето, што добиваме од тематизирањето на овој исклучителен интелектуален предизвик и која е придобивката од тоа.

Како прво, ќе запознаете една организација, којашто веќе денес значително го соопределува нашето секојдневно живеење и без чие познавање вие во основа не ќе можете вистински да ја разберете и оцените политиката; токму онаа политика во границите на вашата национална држава.

Централен аспект е тоа што ќе ја запознаете политиката во нејзината институционална, процесуална и содржинска димензија, онака како што денес с почесто ја среќаваме, имено без јасна поделба помеѓу внатрешната и надворешната политика. Наместо тоа, политиката се карактеризира со тесна испреплетеност помеѓу различните нивоа и енормна мера на комплексност. Ќе го запознаете новиот феномен на управување вон рамките на националната држава, со којшто политичките науки с уште препознатливо тешко се снаоѓаат. Ваквите потешкотии, меѓу другото, резултираат оттаму што во прашање се доведува традиционалната поделба помеѓу дисциплините Компаративни системски истражувања на една страна и Меѓународни односи на друга страна.

Секако, притоа не станува збор за феномен што би бил ограничен на ЕУ. И во други функционални или регионални делумни области, во сферата на меѓународната политика, може да се забележи зголемено регулирање, при што политичките науки се конфронтирани со фактот што националната држава с помалку може да се смета како неспорен центар на политичко одлучување што презема само авторитативни припишувања на вредностите. Така гледано, преку овој предмет соочувањето со ЕУ ќе ве одведе до една актуелна основна проблематика во политиката (политичките науки) што постои во едно опкружување што минува низ драматички промени.

... понатаму кон поглавје 2: Што е ЕУ?


[ Текст и графики: Друштво Агора]
 

 

Нагоре

D@dalos почетна

Почетна

Графички преглед

Контакт

1998-2011 D@dalos - политичко образование, Воспитување за демократија, Образование за човековите права, Педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.), Веб: Агора