|
| |
Фаза 3: Тековниот процес на проширување (состојба: октомври 2005)
Така
стигнуваме до последниот дел од основниот курс 5, до, во моментов
тековниот, процес на пристапување. Како појдовна точка треба да ни
послужи еден географски преглед, кој уште еднаш го сумира развојот од
поранешната ЕЕЗ до Унијата со 25-те
членки.

Во поглед на следниот развој за нас од интерес се оние земји, со
кои се завршени преговорите, тоа се Бугарија и Романија, и оние
што официјално поседуваат статус на кандидат, тоа се Хрватска и
Турција.
Преглед на содржината
[почеток на страна]

Бугарија
и
Романија
|
Потпишување на договорите за пристапување, во април 2005 |
Што се однесува до Бугарија и Романија,
би сакал да се ограничам на неколку важни
забелешки.
Преговорите со двете се во меѓувреме завршени,
договорите за пристап беа потпишани на
25
април
2005
во Луксембург.
Таму е предвидено пристапување на
01
јануари
2007.
Но, договорите со двете земји содржат една
клаузула, која предвидува
дека пристапувањето може да
биде продолжено за една година, доколку не се
спроведат консеквентно сите реформи побарани од
ЕУ!
А
ЕУ, преку ликот на нејзиниот комесар за
проширување, Оли Рен, постојано ставаше јасно
до знаење дека таа и понатаму има сомнежи.
|
|
Поврзаност на ЕУ-политиката и националната политика |
Интересно во овој контекст е еден процес во Романија. Таму
владата сосем консеквентно ги туркаше нанапред реформите во
смисла на ЕУ; тие беа стопирани од уставниот суд, на што владата
на Таричеану објави повлекување на почетокот на јули 2005 и
најави нови избори. Ова докажува, колку многу ЕУ-политиката и
националната политиката се меѓусебно поврзани во меѓувреме.
|
Хрватска
|
Барање за пристапување
Февруари 2003 |
Како се развиваа односите на ЕУ со Хрватска? Како
изгледа моменталната состојба на процесот на
пристапување? Хрватска го достави своето барање за прием
на 21 февруари 2003, а во април, како што е предвидено
со договорите, Советот ја замоли Комисијата да подготви
мислење за барањето.
|
|
Самитот
во Солун 2003: Земјите од Балканот имаат перспективи за пристапување |
Следна етапа, важна за сите балкански земји, па оттаму и за
Хрватска, претставува самитот во Солун од јуни 2003, на кој
Европскиот совет уште еднаш потенцираше дека земјите од западен
Балкан би можеле да бидат интегрален дел од ЕУ штом ќе ги
исполнат соодветните критериуми, имено критериумите од
Копенхаген, кои во меѓувреме ги знаете.
|
|
2004:
Кандидатски статус за Хрватска |
Во
април 2004, Комисијата го објави мислењето за барањето за пристап на
Хрватска, која сèвкупно
излезе позитивна и со поддршка, но и во која беа наведени области
каде постоеше значителна потреба од дејствување од страна на
кандидатот, како во политиката на животна средина,
така и во преземањето на
т.н. Acquis, значи на целокупниот законски комплет на ЕУ. Ова доведе
дотаму што во јуни 2004 на Хрватска официјално и беше доделен
кандидатски статус.Кратко пред Божиќ 2004 Европскиот совет го утврди терминот за
започнување на разговорите за пристапување на 17 март 2005, но даде
како предуслов, Хрватска да соработува во целосен обем со
Меѓународниот трибунал за воени злосторства за поранешна Југославија
во Хаг.
|
|
Март
2005: Откажување на преговорите од страна на ЕУ |
Бидејќи според мислењето на раководниот обвинител, Карла Дел Понте,
во март тоа сè
уште не беше случај, ЕУ се одлучи да ги откаже преговорите. Но,
истовремено ЕУ утврди рамка за разговорите за пристапување, што беше
охрабрувачки сигнал за Загреб, така што преговорите за пристапување
би можеле да почнат во секој момент во случај на исполнување на
условот за соработка со Хаг.
|
|
01.02.2005: ДСА стапување во сила |
Позитивно од хрватска перспектива може да се оцени и
влегувањето во сила на Договорот за стабилизација и асоцијација
(ДСА) на 1 февруари 2005. Овој Договор претставува договорна
рамка за односите меѓу ЕУ и Хрватска сè
до реализирањето на пристапувањето и покрива области како
политичкиот дијалог, регионалната соработка, приближувањето на
законодавството во Хрватска кон Acquis на ЕУ како и соработката
во голем број области на политиката на ЕУ.
|
|
Јули
2005: 1 конференција на Комисијата на ДСА |
Освен тоа, основани беа цела редица заеднички гремиуми на
различни нивоа, меѓу другото Совет за асоцијација на министерско
ниво, кој заседаваше за првпат на 26 април 2005 и Комисијата за
стабилизација и асоцијација, која беше составена за првпат кон
средината на јули 2005 и во чии рамки претставниците на ЕУ го
повторија своето барање за подобра соработка на Хрватска со
трибуналот за воени злосторства во Хаг.
|
|
Почеток
на октомври 2005: Одлука за започнување на преговорите |
Дури кон
почетокот на октомври, по интензивни разговори и соочувања меѓу
државите-членки на ЕУ, особено за докрај спорното започнување на
преговорите со Турција, беше дефинитивно одлучено дека и Хрватска сега
ги исполнува сите предуслови за започнување на разговори. Кон крајот на
октомври 2005 започна процесот на проверка на хрватското законодавство
од страна на Комисијата, за што е проценето време од околу една година.
Дури потоа претстои отворањето на 35-те поглавја од преговорите. |
[Почеток на страна]
Турција
|
Турција
како посебен случај |
Тоа
што важеше и важи за Хрватска, имено дека тековните процеси на
пристапување заслужуваат посебно внимание од наша страна, важи во
уште поголема мера за вториот актуелен кандидат, Турција.
Од
голем број причини се работи за навистина посебен случај, кој затоа
и би сакал да Ви го разјаснам тука во соодветен обем.
|
|
Хронологија до почетокот на преговорите |
На
почетокот од моето изложување се наоѓа една мала хронологија, која,
пак, се ограничува на поблиското минато, бидејќи Турција уште во
септември 1959 поднесе барање за асоцијација до тогашната ЕЕЗ, а
дотаму, се разбира, не мораме и не сакаме да се враќаме.
Започнуваме со декември
1999.
Во овој месец Европскиот совет за првпат изјави дека во случајот со
Турција се работи за кандидат за пристапување кон ЕУ под услов да ги
исполнува истите критериуми (од Копенхаген), како и сите други
кандидати за пристапување.

Како
што покажува сликата погоре, март
2001
носи
две значајни случувања.
Како
прво склучувањето на партнерството за пристапување меѓу ЕУ и Турција.
Освен тоа, Турција донесува сопствена национална програма за
имплементација на законите на ЕУ, која опфаќа преку 500 тесно
печатени страници!
Интернет адресата,
од која може да се
симне овој документ, е дадена
на сликата преку линкот обележан со црвена боја.
Ова е исклучително интересно и важно, бидејќи уште еднаш ги
илустрира значењето и енормните влијанија на процесите на
пристапување, кои беа наведени уште на почетокот на основниот курс
5.
|
|
Чекори
на Турција за прилагодување кон барањата на ЕУ |
Во следните години следеа други, донекаде темелни и гравирачки
промени во политичкиот систем на Турција и сите служат за тоа да
се направи внатрешниот поредок да биде компатибилен со барањата
на ЕУ.
 |
9/2001: Турскиот парламент донесува преку 30 уставни
измени
|
 |
8/2001: Турскиот парламент донесува реформи во
сферата на човековите права
|
 |
1/2004: Укинување на смртната казна во Турција
|
 |
6/2005: Во Турција
стапува во сила изменетата
регулатива на казненото право
|
|
|
Чекори
на ЕУ |
Овие чекори беа примени до знаење од страна на ЕУ мошне
позитивно, што се покажува и во извештајот на Комисијата
доставен во октомври 2004 како и во одлуката на Европскиот совет
од декември
2004,
за започнување на преговори за пристапување со Турција на
3
октомври
2005. |
[Почеток на страна]
|
Реакции
по референдумите во Франција и Холандија |
Особено внимание заслужува потврдувањето на овој термин од страна на
Европскиот совет на
17
јуни
2005,
значи по негативниот исход на референдумите во Франција и Холандија.
Ова
е за одблележување дотаму што, како што е познато од прегледот на
историјатот на ЕУ (основни курсеви 2 и 3) на овие референдуми се
покажа јасна одбивност на населението кон натамошно проширување на
составот на членството, особено по однос на Турција.
Еден
поглед во преговарачката рамка приложена од страна на Комисијата на
29.06.2005,
сепак, јасно покажува дека скепсата на населението навистина беше
примено до знаење.
Таму, меѓу другото, се вели дека со оглед на сомнежите, кај граѓаните
на ЕУ би требало да се иницира дијалог на граѓанските општества во
ЕУ и кандидатите за пристапување.
На
друго место експлицитно се вели дека кај преговорите со Турција се
работи за отворен процес, чиј исход не би можел да се прогнозира
однапред! |
|
Особени
проблеми во случајот на Турција |
Скепсата на граѓаните на ЕУ во некои земји кон пристапувањето на
Турција претставува индикација за тоа дека кај Турција се работи
за случај што се поврзува со цела редица посебни и тешки
прашања. Би сакал накратко да ги појаснам најважните точки.
|
|
Број на
жители |
Сомнежите против пристапувањето на една земја се засноваат на
фактот што Турција во догледно време би станала најбогата земја
во ЕУ според бројот на население. Таа во моментов има 71
милион жители; но, овој број според прогнозите би можел во
следните 20 години
да порасне до 80 или 85
милиони, а со тоа и
да ја надмине во моментов најголемата земја, Германија, која во
2020 би имала само 80 милиони.
|
|
Географска положба
Припадност кон Европа
Состојба со човековите права |
Како второ, сомнежите кружат околу прашањето дали Турција
географски навистина припаѓа во Европа и како трето и уште
посилно по однос на религиозните и културните разлики. Покрај
тоа, како четврто, покрај веќе споменатите промени во рамките на
турскиот политички систем, постојат значителни задршки со оглед
на состојбата со човековите права во оваа земја.
|
|
Кипарското прашање |
И конечно, како петто, политиката на ЕУ, особено во овие денови,
август, септември 2005 се занимава мошне интензивно со тоа што
Турција сè
уште официјално не го признала Кипар, кој во меѓувреме стана
држава-членка на ЕУ.
|
Примена на аналитичкиот модел во случајот на Турција
|
Аналитичкиот модел и случајот на Турција |
Имајќи го ова предвид секако интересно е прашањето, како ќе
се продолжи со пристапувањето на Турција.
Се разбира, ние не сме претскажувачи и не можеме да гледаме
во иднината.
Но, тоа што можеме да го сториме, е да го земеме
аналитичкиот модел за детерминантите на
проширувањето/та што го претставив на почетокот од основниот
курс
5,
да го исполнам со фактите за случајот „Турција“ и врз основа
на тоа да се обидеме да дадеме една (образложена) прогноза.
|
|
Егземпларна примерна на моделот |
Најпрво, уште еднаш за потсетување, накратко растерот во вид на
преглед. За илустрација на неговите можности би сакал да се
ограничам на тоа да пополнам две, меѓусебно тесно поврзани
компоненти како пример, за егземпларно да демонстрирам, како
може да се примени, а тоа се од една страна договорната
состојба, значи точка 1 и поопширно определувачкиот фактор
„Национални интереси“ (точка 3).

|
[Почеток на страна]
|
Договорна одредба на едногласнот |
Ова е договорната одредба на едногласност и согласноста
на Парламентот на ЕУ и, истовремено како
пандан на тоа во Турција, како и во голем број
држави-членки во моментот, потребата од согласност на
народот преку референдуми. И тоа кај, во меѓувреме 25, а
наскоро 27 држави-членки и, во тој контекст, фактот што
во голем број од тие држави-членки енормно е зголемено
влијанието на населението врз политиката на ЕУ!!
Очигледно одлучувачки во овој контест е тоа, дали и во
која мера се компатибилни националните интереси, па
затоа сакаме барем како пример да ги погледнеме
актуелните ставови, септември 2005, на некои
држави-членки и нивните влади.
|
|
Национални интереси
Германија
Обединето
кралство
Франција
Полска |
Германија, под црвено-зелената влада водена од Герхард Шредер,
спаѓаше меѓу најсилните поборници за започнување на преговорите
за пристапување и за пристапувањето на Турција. Противставената
позиција ја завзеде тогашната ЦДУ/ЦСУ опозиција. По склучување
на големата коалиција земјата, со оглед на дијаметрално
противставените позиции не може повеќе да ја игра активно
улогата про-Турција како под Шредер.

Обединетото кралство, кое посакува ЕУ
како лабав сојуз на држави, а не како
тесна федерација, меѓу другото и од
оваа причина јасно го поддржува
пристапувањето на Турција.
Во Франција, кај владата и населението
може да се забележи еден исклучително
скептичен став кон пристапување на
Турција, што доби уште повеќе на замав
со „Не“ за
договорот за устав.
Во овој контекст треба да се има
предвид и тоа дека Франција и
Австрија најавија референдуми околу
можно пристапување на Турција.
Со оглед на барањето за
едногласност, тие би можеле да
станат непремостлива пречка.
Да фрлиме уште еднаш поглед на ендна
нова држава-членка, која се придружи
на 01.05.2004, имено Полска. Таму, по
мое мислење мошне реално, се смета
дека Турција по своето можно
пристапување би барала огромни
финансиски средства од ЕУ, кои би
недостасувале, меѓу другото, за
својата земја. Освен тоа, ова се
однесува на една од особеностите, за
кои веќе претходно зборувавме, на
Турција се гледа едноставно како
премногу голема, за да може нејзиното
пристапување да биде совладано од
страна на ЕУ.
|
|
Заклучок |
Како
заклучок може да се каже дека националните интереси и позиции донекаде
темелно се разликуваат и, како последица, за процесот на пристапување се
предпрограмирани гравирачки потешкотии. Конечно, со неуспехот на
договорот за уставот, преку одбивањето на референдумите во Франција и
Холандија балансот помеѓу проширувањето и продлабочувањето излезе сосема
од контрола. Бидејќи институционалниот склоп и правилата на игра, кои се
утврдени со Договорот од Ница, како што покажаа неколку примери во
основниот курс 3, веќе за моменталните 25 од Унијата се потполно
недоволни. А таквите напредоци во оваа област не можат да се согледаат
краткорочно и долгорочно. |
Завршен збор
|
Сложеноста и динамиката на ЕУ |
Со
ова стигнавме до сегашноста, а со тоа и до крајот на нашиот преглед
за текот и централните
аспекти на процесот на проширување, но и на
тематскиот комплекс „Европска унија“ воопшто. Наместо уште еднаш да
резимираме, би сакал да завршам со едно упатство на еден, по мое
мислење, централен аспект за темата „ЕУ“.Секој што го одработил овој тематски комплекс од почеток можеше
мошне конкретно и истовремено сосем продлабочено на свој грб да ги
искуси особеностите опишани во
основниот курс 1, како тоа дека кај ЕУ се работи за
еден сосема
единствен облик, за еден систем од повеќе нивоа, во кој предвид
мораат да се земат сите нивоа, и систем што се наоѓа во постојана
промена.
|
|
бараат
темелно разбирање врз основа на моделите |
Со оваа
енормна, неспоредлива сложеност и динамика може да се снајде само оној
што развил темелно разбирање за предметот, кој почива на основа на
централните научни прашања и резултирачките одговори во смисла на
определување на важни причинско-последични поврзаности. Во овој курс се
потрудивме, токму врз основа на „модели“ низ сите основни курсеви
кои завршија со темата „Проширување“, да го ставиме ова јасно до знаење. |
|
На
Европа и е потребна ЕУ |
Се
надеваме дека ни успеа да Ви го пренесеме ова темелно разбирање, но и
фасцинацијата на овој нов вид на сè
поважна форма на политика „во едно драматички променливо опкружување“,
како што стои на
крајот од основниот курс 1.
И
посакуваме, Вие истото понатаму да го пренесувате, бидејќи на Европа
и е потребна ЕУ, да потсетиме уште еднаш на една од многуте причини, на
аспектот на обезбедување на мирот!
А, на ЕУ, токму во овие тешки времиња и се потребни, граѓани, кои се во
состојба да го следат и придружуваат нејзиниот развој со разбирање. |
[Автор: Проф.
Др.
Волфганг Шуман]
[почеток
на страна]
|