Фаза 1
Нагоре Модел за анал. Фаза 1 Фаза 2 Фаза 3

 


 

Европска унија

Фаза 1: Од првото барање за прием на Велика Британија до ЕФТА-проширувањето

bullet Проширување на Север
bulletПроширување на Југ
bullet ЕФТА- проширување
bullet Определувачки фактори на трите кругови на проширување

Проширување на Север

1961: прво барање за прием на Велика Британија

Фазата на процесот на проширување, која е тука предмет на испитување, започнува со проширувањето на Север. Првото барање за прием на Велика Британија беше доставено уште во 1961, значи само четири години по влегувањето во сила на Римските договори. Но, потребно беше да поминат уште четири години пред Велика Британија, Данска и Ирска да можеа да пристапат во Заедницата. Кои беа причините за тоа?

Отпорот на Де Гол

Од централно значење беше упорниот отпор на францускиот претседател Де Гол. Притоа улога можеби одиграа и економски мотиви, но одлучувачки беа политичките размислувања, имено стравувањето дека со пристапот на Велика Британија, земја во тесни односи со САД, на Соединетите држави би им се отворило влијание врз развојот на Заедницата. А токму ова се судираше со темелната претстава на Де Гол за обликување на ЕЗ како соработка на суверени национални држави независни од американско влијание.
Наспроти ова, другите држави-членки и Комисијата на можното британско членство гледаа како на посакуван контрапол против француската доминација. Со други зборови: ставот на државите-членки беше повлијаен од конфликтите помеѓу темелните претстави за насоката на идниот развој на ЕЗ. Потенцијалното британско членство беше гледано како фактор, кој можеше да ја зајакне односно заслаби сопствената позиција по ова прашање, а не како самостоен проблемски круг.

Проширувањето на Север олицетворено во аналитичкиот растер

Во растерот со влијаечките фактори тоа би изгледало на следниот начин:

Секторски интереси на Франција: аграрна политика

Сепак, Франција не можеше долгорочно да го спречи проширувањето. На самитот во Хаг во 1969 следбеникот на Де Гол, Жорж Помпиду се согласи за продолжување на преговорите. Одлучувачко за ова согласување беше тоа што со еден голем пакет договор се успеа во тоа, да бидат земени предвид интересите на сите држави-членки. При тоа решавање во пакет Франција за своето согласување околу проширувањето за возврат доби согласност од страна на другите држави, да се доврши и надгради аграрната политика на Заедницата. Тука исто така во игра влегоа исклучително тешки секторски интереси.

Влијание од проширувањето на Север

Далекусежните последици од ова прво проширување врз текот на процесот на интеграција тука, се разбира, не можеме посебно да ги тематизираме. Но, јасно е дека со Велика Британија и Данска се приклучија две земји, кои имаа едно сосем поинакво темелно разбирање за улогата на Заедницата. За двете ЕЗ беше примарно економска заедница, од кои се надеваа дека ќе профитираат економски. За двете во прашање беа доведени други ограничувања на националниот суверенитет. Во двете, самото членство во ЕЗ како такво претставуваше прашање, по кое јавното мислење беше длабоко поделено.

Ваквата појдовна состојба беше главно одговорна за тоа што, имајќи ја предвид потребата од донесување едногласни одлуки, развојот на Заедницата во 70-тите и на почетокот на 80-тите се карактеризираше со перманентни кризи и стагнација.

[почеток на страна]
 

Проширување на Југ

Проширувањето на Југ гледано како позитивно

Додека посакувањето на британското членство беше доведено во прашање, во принцип, членството на Грција, Шпанија и Португалија, значи проширувањето на Југ, од сите страни се сметаше за позитивно и потребно од политичко-стратешка перспектива. Грижи постоеја по однос на економските и институционалните последици. Нивото на економски развој на сите три земји се наоѓаше далеку под просекот на Заедницата; резултирачката зголемена хетерогеност и едноставно значителното зголемување на бројот на држави-членки водеше до стравување за негативното влијание на ефикасноста во интеракцијата на институциите и во текот на процесите на одлучување.

Проширувањето на Југ повлијаено од интерните потешкотии на ЕЗ

Проширувањето на Југ беше повлијаено најмногу од интерните потешкотии на Заедницата кон почетокот на 80-тите. Притоа во основа се работеше за темелни разлики во мислењата за насоката на идниот развој на процесот на интеграција. Овие проблеми постојано ги одложуваа преговорите за пристап и дури откако во 1984 на самитот во Фонтенблу беа поставени основите во насока на внатрешниот пазар и Единствениот европски акт, можеше да се договори и конкретен датум за пристапување на Шпанија и Португалија,  1 јануари 1986. И проширувањето на Југ се поврзуваше со последици за развојот на Заедницата. Така погодени беа одделни политики, особено аграрната политика на Заедницата. Регионалната политика мораше да биде надградена, за да се добие согласност од новите членки за внатрешниот пазар и слично.

Детерминанти на проширувањето на Југ

Проширувањето на Југ, олицетворено преку нашиот растер на влијаечките фактори става јасно до знаење како, во овој случај, сите детерминанти одиграле улога.

Договорните регулативи со барањето согласност од страна на сите држави-членки го правеше договарањето да биде енормно тешко со оглед на различните претстави и позиции на интереси.
Поле на затегнатост помеѓу проширувањето и продлабочувањето
. Првото беше можно само заедно со истовремено проширување (EEA и внатрешен пазар).
Секторски интереси, особено што се однесува до аграрниот сектор
.
Национални интереси во однос на натамошниот развој на ЕЗ. Дали тие требаше да преземат меѓудржавен карактер и во најголема мера да се концентрираат на економијата, како што тоа го посакуваа Велика Британија и Данска, или повеќе да се движат во насока на продлабочување на соработката, вклучувајќи ја и политичката димензија, како на пример барањето на Германија.
И конечно стравувањата за неспособност за одлучување на системот на ЕУ, имајќи го предвид енормното зголемување на хетерогеноста во контекст на проширувањето на Југ.

[Почеток на страна]
 

ЕФТА проширувањето

ЕФТА-проширувањето непроблематично

Сè на сè како најмалку проблематично може да се смета последното проширување со Австрија, Шведска и Финска. Односите меѓу државите од ЕФТА и Заедницата беа регулирани уште од 1972 со билатерални спогодби за слободна трговија, кои беа заменети во јануари 1994 со Европската економска зона (ЕЕЗ). Економските односи беа, значи, уште одамна мошне тесни; голем број од регулативите на Заедницата, особено во областа на внатрешниот пазар, беа примувана од трите земји преку Спогодбата за ЕЕЗ уште пред пристапувањето. Освен тоа, сите три укажуваа на релативно висок стандард на економски развој. Еден од најважните потенцијални политички проблеми, имено нивниот неутрален статус, изгуби на значење по завршувањето на конфликтот Исток-Запад. Покрај тоа, нивниот интерес на прашања како што се поголема транспарентност или социјална политика или политика на животна средина, даде нови импулси за постојните политики на ЕУ.

Определувачки фактори на трите кругови на проширување: Заклучок       

Сите 3 проширувања повлијаени од посебна комбинација на фактори од растерот

Ако се направи уште едно сумирање на сите три кругови на проширување, произлегува изненадувачки наод. Иако, како што беше прикажано, сите се случуваа со многу различни предзнаци, тие сепак беа повлијаени во својот тек и својот резултат од страна на специфична комбинација на фактори, кои ги запишавме во нашиот растер.

Како централна заедничка работа на сите досегашни проширувања се покажува дека сите беа поврзани со продлабочување на процесот на интеграција. Помислете на Вернеровиот план и на основањето на Европската политичка соработка (ЕПС) во 1969, на Единствениот европски акт од 1987 и на Договорот од Мастрихт 1992.
Толку за текот и детерминантите на досегашните кругови на проширување.

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон Фаза 2: Проширувањето на Исток

[почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.