|
|
|
| Основен курс 5: Проширувањето на ЕУ
Во досегашните курсеви постојано дознававме, а следната слика може уште еднаш да го повика тоа од сеќавање, дека проширувања ЕЕЗ, ЕЗ и ЕУ, кои следеа едно по друго, постојано беа придружувани и се врежуваа и актуелно се врежуваат во нивниот развој, институционалниот склоп, видот на соработката, но и политиките. Тоа е повеќе од доволна причина за поопширно да се соочиме со тоа во рамките на тематскиот комплекс за ЕУ во посебен основен курс. ![]() Но, очигледно кај проширувањето станува збор за изклучително сложена тематика. Тука не се работи само за ЕУ и нејзините држави-членки, што би било повеќе од доволно, туку за темелни прашања на обликувањето на односите помеѓу европските земји по конфликтот Исток-Запад, за стабилизација на внатрешниот поредок во земјите од средна и источна Европа (СИЕ) и многу повеќе. Оттаму и обидот, од таа причина да се даде макар и приближно целосен преглед, однапред би бил осуден на неуспех. Но, целосноста не е воопшто ни потребна, бидејќи со овој основен курс ние следиме една сосема одредена цел, која може да се спореди со тоа што во основата на нашата анализа го ставивме развојот на ЕУ. Се работи за тоа, врз основа на еден преглед на досегашниот развој на процесот на проширување да се пренесе, пред сè, темелно разбирање за неговите централни аспекти во смисла на подвижни сили, фактори на влијаније итн., како и да Ви дадеме в раце еден мал модел, со кој самостојно ќе можете да ги следите и вреднувате сите процеси по однос на проширувањето во ЕУ, откако ќе застарат фактите што се пренесени во овој дел од тематскиот комплекс.
Кои
познавања, помошни средства и инструменти ни се потребни за да ја
оствариме оваа цел?
Толку околу прегледот на основниот курс 5, кој е мошне интересен и возбудлив поради својата тематика. Подолу можете да најдете скратена содржина со линкови до соодветните делови. Преглед на основниот курс 5:
[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]
|
|
Теми : Човекови права I Примери I Демократиија I Партии I Европа I Глобализација I Обединети нации I ОдржливостМетоди: Политичка дидактика II Педагогија на мирот II Методи Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас. |