|
| |
Содржина: Модел
за анализа

Потекло и составни делови на моделот
|
Од каде
доаѓа моделот? |
Подлабоки испитувања на досегашните процеси на проширување покажаа дека
пет фактори одиграле улога и во голема мера влијаеле и се врежале
во нејзиниот тек и нејзиниот резултат.
Ова сознание сакаме да го искористиме и оттаму да составиме еден модел,
кој треба да ни помогне да можеме подобро да го разбереме процесот на
проширување. |
|
Договорни
основи |
Прв
одредувачки фактор претставуваат договорните основи, значи регулативите
во ЕУ, кои утврдуваат како се одвива процесот на проширување во детали,
бидејќи има голема разлика дали за проширувањето се одлучува едногласно
или со мнозинство и кој конкретно мора да се согласи.
Како изгледаат овие договорни основи, повеќе на
крајот на овој дел. Да ги погледнеме на почетокот другите фактори,
за да ги имаме заедно сите составни делови на моделот. |
|
Поле на
затегнатост помеѓу проширувањето и продлабочувањето |
Иако
во договорите уште од почеток беа присутни регулативите за
проширување, никогаш не беше случај тоа дека ЕЕЗ, ЕЗ односо Унијата,
и/или нејзините држави-членки подеднакво неуморно и континуирано се
трудеа за проширување на кругот на членови. Одговорно за ова беше,
пред сè,
стравувањето дека повеќе членки би значело и повеќе
хетерогеност
и дека значително би ја отежнале соработката. Затоа барањата за
прием беа дискутирани токму по однос на прашањето дали и во која
мера едно проширување би донело со себе негативни последици за
натамошно продлабочување на процесот на интеграција. Ова поле на
затегнатост помеѓу проширувањето и продлабочувањето претставува
втор определувачки фактор во рамките на моделот.
Но, и тоа мошне јасно го покажуваат досегашните проширувања,
одлуките за прием на нови членки досега никогаш не се појавило како
последица на едно целно насочено одмерување помеѓу проширувањето и
продлабочувањето. Одлучувачки за однесувањето на актерите во
Заедницата се три други централни фактори.
|
|
Посебни
секторски интереси |
Прв фактор претставуваат посебните интереси на државите-членки
во одделни области, значи фактот што одредени економски гранки
би стравувале од последици од поконкурентски производи од
земјите-кандидати за пристап. Да помислиме на аграрниот сектор и
на отпорот на Франција против проширувањата на Југ.
|
|
Национални
интереси |
„Националните“ интереси претставуваат друг фактор, значи фактот што
проширувањето може да повлијае на можноста на одредени
држави-членки да влијаат врз одлучувањето. Ова се олицетворува, на
пример, кај прашањето за тежењето на гласовите во Советот, кое
повеќепати беше споменувано во другите основни курсеви.
|
|
Способност
за одлучување на системот на ЕУ |
Последен
фактор претставуваат стравувањата на државите-членки и на сите други
актери, како
Комисијата или Европскиот парламент, до која мера може да
влијае проширувањето врз способноста за одлучување на системот на ЕУ.
[почеток
на страна]
|
Определувачки
фактори на процесот на проширување
Аналитичкиот растер во графички преглед изгледа како на следнава слика.

Договорните основи
Пред воведот во примената на моделот кај фаза 1, времето помеѓу барањето за
пристап на Велика Британија во
1961
и т.н. ЕФТА-проширување со Финска, Австрија и Шведска во
1995,
да ги резимираме
накратко договорните регулативи во врска со проширувањето.
|
Римски
договори:
Преамбула
и член.
237 |
Проширувањето е наведено уште во Римските договори на повеќе места. Така,
во Преамбулата се говори за цврста волја за создавање основи за уште
потесно спојување на европските народи.
А од
другите народи од Европа се бара да се приклучат кон стремежите
опишани во Преамбулата.
Покрај тоа, во еден посебен член, членот
237,
е
регулирана постапката за прием на нови членки.
Според тој член, секоја европска држава може да поднесе барање за
членство.
Потоа Советот, до кого мора да биде доставено барањето,
едногласно одлучува по добивањето на мислењето на Комисијата.
Условите за прием се регулираат преку спогодба помеѓу
државите-членки и државата, која го поднесува барањето.
За
оваа спогодба е потребна ратификација од страна на сите договорни
држави согласно уставно-правните прописи.
[почеток
на страна]
|
|
Од EEA:
ЕП мора да се согласи |
Но, кај ваквата договорна појдовна состојба произлезе една важна
промена со првата голема ревизија на договорот, Единствениот
европски акт (EEA), во таа смисла што оттогаш е неизбежно
потребна согласноста од Европскиот парламент (ЕП).
|
|
Развој
од Мастрихт |
Оваа
регулатива беше преземена во Договорот од Мастрихт,
конкретно во член
O
од
Договорот за ЕУ,
кој
го замени член
237
од
Договорот за ЕУ.
Таа
има важност и по влегувањето во сила на Договорот од Амстердам,
и тоа во член
49
од
Договорот за ЕУ.
Бројните дополнувачки нови одредби во Договорот од Ница, а
тука особено во т.н. „Протокол за проширување на ЕУ“, го регулираат,
пред сè,
составот на органите како и неопходните мнозинства во една Унија со
25 односно 27 членки.
|
|
Договорните основи во графички преглед |
Вака се
претставени договорните основи за проширувањето на ЕУ во графички
преглед:
 |
Со тоа ги имаме сите знаења за да реализираме испитување на сложениот процес на
проширување. Притоа сакаме да започнеме со краток преглед на фазата 1, периодот
помеѓу првото барање за прием на Велика Британија од 1961 и ЕФТА-проширувањето
од 1995, до кои Ве води следниот линк.
[Автор: Проф.
Др.
Волфганг Шуман]
 |
...
понатаму кон
Фаза 1,
Од првото барање за прием на Велика Британија до
ЕФТА-проширувањето... |
[Почеток
на страна]
|