|
Особености на проширувањето на Исток
|
Голем
број на кандидати за пристапување |
Што се однесува до особеностите на проширувањето на
Исток, како прво треба да се наведе бројот на
кандидатите за пристапување кој е повеќепати поголем
од кога било досега. Овој голем број во процесот на
преговарање создаде големи проблеми при
одмерувањето на
интересите во Заедницата. Реализирањето на
пристапувањето уште еднаш масивно ја зголеми веќе
претходно врежаната хетерогеност на 15-ката на ЕУ.
|
|
Земјите
од СИЕ во длабок трансформациски процес |
Земјите од СИЕ, кои пред неколку месеци пристапија во ЕУ, интерно се
зафатени со длабок трансформациски процес. Во тоа се вклучени и
институциите во државата, администрацијата и економијата, нивната
улога во еден поредок на пазарна економија треба да биде утврден
донекаде дури сега, а укажуваат на еден мошне фрагилен, незавршен
карактер. Но, токму тие мораат да функционираат безусловно сигурно
за спроведувањето и контролата на правниот систем на ЕУ! Овие
очигледни административни слабости кај најнапредните кандидати за
пристапување даваат до знаење дека при спроведувањето, на пример, на
структурната политика можат да се очекуваат гравирачки потешкотии.
|
|
Ниско
економско ниво на новите членки |
Кон
ова се придодава ниското ниво на економски развој на новите членки,
кои со просечно 32 проценти од БНП по глава
на жител ќе имаат трајна
потреба од поддршка за достигнување на просекот на ЕУ. Посилно од
кои било претходни очекувања, ЕУ ќе премине во развојна заедница.
Сево
ова е многу општо. Затоа би сакал преку пример да конкретизирам, кои
проблеми се поврзани со ЕУ. Тие се покажуваат особено во областите
на аграрната и структурната политика, при што би сакал ова да го
навестам со само неколку бројки.
Најпрво да ги разјасниме уште еднаш енормните разлики во
благосостобата. Уште во самата ЕУ постојат големи разлики.
Бруто националниот производ
(БНП)
во
Данска се наоѓа, на пример, на една третина над просекот на ЕУ
(125%),
наспроти што Португалија и Грција стигнуваат само до половината
(50%).
Полска и Унгарија, значи две од најнапредните кандидати за
пристапување, стигнуваат со својот актуелен БНП, пак, само до
половината од вредноста кај двете најсиромашни држави-членки на ЕУ!

|
|
Неопходни
се опширни
внатрешни реформи во ЕУ |
Ако само овие две би биле подеднакво третирани
во аграрната и структурната политика како
Португалија и Грција, само тоа би предизвикало
дополнителни трошоци од околу една третина од
моменталниот вкупен буџет на ЕУ (2004, околу 100
милијарди евра)! Огромен дел од овие трансфери
би паднал на аграрната политика. Тоа, меѓу
другото, е поврзано со тоа што во Полска, како
што рековме една од најнапреднатите кандидати,
денес околу една петтина од населението е
активна во овој сектор, во просекот на ЕУ само
уште јаки 5 проценти.
Да завршиме со овие примери. Мислам дека тие
пренесоа доволен впечаток за големината на
потешкотиите и докажуваат дека во контекст на
проширувањето неизбежни се опширни
внатрешни реформи
во ЕУ. |
[Автор: Проф.
Др.
Волфганг Шуман]
[Почеток
на страна]
|