|
| |
Тек на проширувањето на Исток
|
Прва
реакција на Заедницата: европски договори |
Позадина и појдовна точка
на проширувањето од 2004 претставуваше
распаѓањето на комунистичките системи во
Средна и Источна Европа, трансформациските
процеси што започнаа во овие земји, поврзани
со делумно енормни економски и социјални
проблеми како и оттаму разбирливата желба за
помош и поддршка од Запад.
Како прв одговор на оваа нова состојба,
Заедницата на почетокот на 90-тите склучи
билатерални
договори за асоцијација со цела
редица земји од СИЕ. Централен интерес на
овие европски договори беше да се етаблира
еден голем европски пазар, кој требаше да ги
опфаќа сите асоцирани држави, при што на
овие договори им беа доверени огромни
прилагодувачки учиноци: тие требаше да ги
преземат регулативите за внатрешниот пазар и
темелно да ги реструктурираат своите
макроекономии. Но, за таа цел им беше
доделена финансиска помош од страна на ЕУ/ЕЗ
во рамките на различни програми.
|
|
Критериумите од Копенхаген |
Откако на почетокот се работеше само за асоцијација, финансиска
помош и тематизирање на прашања од заеднички интерес, ова
темелно се промени со одлуката на Европскиот совет од
Копенхаген
во јуни 1993. Имено, таму беше одлучено на сите
асоцирани земји од СИЕ да им се отвори можноста за пристапување,
ако исполнат одредени критериуми, т.н. критериуми од
Копенхаген. Во овие критериуми спаѓаа, на пример, стабилна
институционална рамка врз основа на демократски поредок и
обезбедување на човекови права и права на малцинствата.
Како
второ една функционална пазарна економија.
Освен
тоа, од државите од СИЕ се очекуваше да бидат во состојба за преземање
на целото право на ЕУ и да бидат подготвени за исполнување на целите на
една политичка унија како и на една економска и монетарна унија.
Следната
слика го резимира развојот до овој момент.

[почеток
на страна]
|
|
Барања
за членство на земји од СИЕ помеѓу 1994 и 1996 |
Откако земјите од Средна и Источна Европа ги доставија своите
официјални барања за пристапување во периодот меѓу 1994 и 1996
(Кипар и Малта го сторија ова уште во 1990), Европскиот совет,
како што е предвидено во договорите, побара од Комисијата да
подготви мислења. Целта на мислењата беше да се испита и провери
состојбата во секоја потенцијална земја-пристапувач, во која
мера ги исполнува критериумите за пристапување и
дали ќе биде во
состојба да ги преземе обврските за членство.
|
|
Извештаи
на Комисијата
1997:
Агенда
2000 |
Овие
извештаи беа дадени од Комисијата во документот што излезе во јули
1997 Агенда
2000.
Имајќи ги во основата критеруимите за пристапување поставени од
Европскиот совет во Копенхаген, таа доаѓа до заклучок дека Унгарија,
Полска, Естонија, Чешка и Словенија би можеле среднорочно да ги исполнат
таму наведените услови и препорачува започнување преговори за
пристапување најпрво со овие земји и Кипар.
Сепак, таа потцртува дека истовременото започнување на овие преговори не
имплицира и истовремено завршување.
Тоа требаше да зависи од напредокот во секоја земја посебно. |
|
Јакнење
на мерките за прилагодување на земјите од СИЕ |
Освен
тоа, Комисијата предложува зајакнување на мерките за прилагодување на
земјите од СИЕ пред проширувањето и навестува дека сака да информира за
напредокот по првпат на крајот од 1998 во еден годишен извештај. Преку
сознанијата од овие извештаи треба да се испита, во која мера може да се
започне со конкретни преговори за пристапување со одредени кандидати,
кои не се земени предвид во првиот круг. |
|
Почеток
на преговорите за пристапување со:
1 група во 1998
2 група во 2000 |
Покрај големиот број препораки на Комисијата во нејзината Агенда
2000, кои го потенцираа вклучувањето на сите држави-кандидати во
процесот на проширување, Европскиот совет на крајот на 1997 во
Брисел даде предлог за повикување билатерални владини конференции за
отворање на конкретни преговори за пристапување само со оние земји,
кои веќе значително напреднаа на патот кон исполнувањето на
неопходните услови, имено Естонија, Полска, Словенија, Чешка,
Унгарија и Кипар. Преговорите со овој прв бран земји за
пристапување од т.н. Луксембуршка група започнаа пролетта 1998.
Во
декември 1999 шефовите на држави и влади во Хелсинки започнаа со
вториот бран, кој затоа се нарекува Хелсиншка група (Бугарија,
Летонија, Литванија, Малта, Романија и Словачка). Преговорите за
пристапување со овие земји официјално започна на 15 февруари 2000 во
Брисел.
Сликата подолу го сумира развојот на нашата временска перспектива.

[почеток на страна]
|
|
Возен
план за проширување од 2002 |
Во ноември 2000
Комисијата објави еден стратешки документ за проширување, кој
содржеше еден возен план, со кој требаше да се обезбеди дека
ЕУ е во состојба од крајот на
2002
да прифаќа нови членки.
Европскиот совет во Ница,
во чии рамки беше донесен и Договорот од Ница
(ратификуван на 26.02.01),
го одобри овој стратешки документ, со кој ЕУ требаше да се
подготви за проширувањето со, меѓу другото, институционални
модификации.
Заклучоците
на Европскиот совет од Лекен во декември 2001, изјавија
дека процесот на проширување бил неповратен и
ја потенцираа цврстата намера на ЕУ за завршување на тековните
преговори за пристапување до крајот на 2002.
|
|
Продлабочување и проширување: свикување владини конференции |
Понатаму интересно во поглед на нашите определувачки фактори е
тоа што на овој самит беше одлучено и пристапување кон еден
конвент за иднината на ЕУ, кој требаше да ја подготви
владината конференција преку еден европски устав во годините
2003/2004. Мошне интересно е и тоа што кандидатите за
пристапување беа поканети да учествуваат на овој конвент, без
притоа да имаат можност да блокираат решенија, до кои дошле
постојните држави-членки.
Ако се погледнат зависностите од гледна точка на одредувачките
фактори, идентификувани од нас, тогаш тоа изгледа вака. Да го
погледнеме уште еднаш значењето на полето на затегнатост помеѓу
продлабочувањето и проширувањето!

|
|
Европски
совет Копенхаген декември
2002 |
Следната важна етапа на патот кон проширувањето ја означува
Европскиот совет во Копенхаген од декември
2002.
Тука беа завршени преговорите за пристапување со десетте
држави, утврден
1 мај 2004 како датум за пристапување и
конечно врзани финансиските договарања за
2004-2006,
значи првото тешко време во сојузот на 25-те.
Исто така, Европскиот совет ја утврди 2007 како година за
пристапување на Бугарија и Романија и одлучи дека треба да
се донесе одлука за можни преговори со Турција врз основа на
извештај од Комисијата во декември
2004.
Покрај тоа, заклучоците на претседателството искажуваа дека
новите држави-членки треба да учествуваат во полн обем на
владината конференција за изработка и донесување на
европскиот устав.
[Почеток на страна]
|
|
Потпишување на
договор за пристапување април 2003 |
Откако
Европскиот парламент, чија согласност, како што е познато, е неопходна,
однапред се согласи, на 16 април 2003 шефовите на држави и влади и
министрите за надворешни работи на државите членки и на кандидатите за
пристапување, свечено го потпишаа договорот во Атина.
Договорот за пристапување содржеше и правила за институционалното
вклучување на 10-те нови во периодот од неговото склучување до
официјалниот пристап на 01 мај 2004. Во текот на овој период кандидатите
за пристапување имаа официјален статус на набљудувач во сите гремиуми на
Советот, во што, меѓу другото, спаѓаше и правото на говор. На гласањата не
смееја да учествуваат.
|
|
2003:
референдуми на кандидатите за пристапување |
Одлучувачки за натамошниот тек на процесот на пристапување беа
референдумите што се одржаа во новите девет кандидати за
пристапување (со исклучок на Кипар, кој се одлучи да се откаже)
за резултатот од договорите за пристапување на земјата во ЕУ.
Резултатите се наведени
во следниот преглед.

Всушност, тие покажуваат дека кај процесот на проширување
воопшто не се работи за феномен, кој би бил ограничен
исклучително на владино ниво! Кога е предвиден референдум, тогаш
во голема мера се вклучени националните парламенти или народот,
владите мораат за својот проширувачки курс да најдат мнозинство
дома. Тоа, впрочем, важи не само за кандидатите за
пристапување, туку и за државите-членки. Кај проширувањето се
работи за процес, кој вклучува и меѓусебно поврзува повеќе
нивоа. Една сосем одлучувачка точка, која ја прави анализата
толку тешка!
|
|
1 мај
2004: Проширување на Исток |
Но, да преминеме на малиот остаток од хронологијата за текот
на проширувањето на Исток. Правиме скок во 2004 година, и
тоа на 1 мај; на тој ден десетте официјално
станаа членки на
ЕУ со сите права и обврски. Несомнено ден за паметење,
историски ден за ЕУ; ден, кој не само што ја зголеми Унијата
од 15 на 25 држави-членки, туку и одржливо ја промени и
понатаму ќе ја менува.
Една друга, по мое мислење суштинска етапа во интеграцијата
на новите го означуваат европските избори од 13.06.2004,
на кои за првпат беа избрани пратеници од овие земји
директно во Европскиот парламент.
Последна точка претставува одложеното стапување во мандат на
новата Баросо-комисија кон крајот на ноември (2004), со што
во сила влегоа новите, институционални регулативи предвидени
за 25-те односно 27-те. Овде, меѓу другото, спаѓаат
промените во распределбата и тежењето на гласовите во
Советот на министри и фактот што отсега секоја земја
поставува само еден комесар.
|
[Автор: Проф.
Др.
Волфганг Шуман]
[Почеток
на страна]
|