СПВП
Нагоре ЗНБП/ЕБОП СПВП

 


 

Европска унија

Институционалниот склоп во третиот столб (соработка во правдата и внатрешната политика, СПВП)

bullet Развојот на СПВП
bullet Обликувањето на СПВП во Договорот од Мастрихт
bullet Посебните области на СПВП
bullet Институционалната рамка на СПВП во Договорот од Мастрихт
bullet Дефицити на институционалната конструкција
bullet Институционалната рамка на СПВП во Договорот од Амстердам
bullet Институционалниот развој на СПВП до сега
bullet Институционалниот развој и обликувањето на СПВП преку анализа

Развој на СПВП

Функционални притисоци кон соработката

Први приоди за една исклучително меѓудржавна соработка помеѓу државите од ЕЗ имаше уште на почетокот на 70-тите години, во кои делумно беа вовлечени и трети држави, како на пример во областите на сузбивање на тероризмот или капиталните злосторства. Но, со сè потесното сраснување на ЕЗ, а тука особено се мисли на проектот за внатрешниот пазар, а во негов контекст и слободното движење на луѓе, стана јасно дека беше неизбежно систематско усогласување на политиката на имиграција и политиката на азил, понатаму кај (прекуграничната) борба против злосторствата или во граѓанското и казненото право, колку да наведем само некои од најважните области. Значи и тука се соочуваме со помасивни функционални притисоци, со кои повеќепати се судривме во рамките на овој тематски комплекс.

Можни форми за соработка

Со ова беше мошне јасно дека е неопходна соработка, но сè уште не беше разјаснето прашањето, во каква форма тука требаше да соработуваат државите-членки. Замисливи беа две можности: или пренесување на потребните надлежности на Заедницата или задржување и, по потреба, дополнување и модификација на меѓувладината соработка.

Обликување на СПВП во Договорот од Мастрихт

Како резултат од преговорите не се утврди едно единствено решение, туку мешавина.

На ЕЗ и беа пренесени само мал број тесно ограничени надлежности во областа на визната политика, најголемиот дел од внатрешната политика и правдата требаше, во насока на задршките на неколку држави-членки околу предавањето на надлежности на ЕУ во оваа централна област, и понатаму да се обработува на меѓудржавна основа и беше собрано во т.н. трет столб.

[Почеток на страна
 

Области на СПВП

Пред поблиску да го погледнеме конкретното институционално обликување на СПВП во Договорот од Мастрихт, на почетокот би сакал преку слика накратко да Ви покажам, за што станува содржински збор во оваа област, кои конкретни полиња ги опфаќа. Тоа може да се види од Договорот (Наслов VI од Договорот за ЕУ), во кој се именуваат следниве девет области како работи од заеднички интерес.

Институционална рамка на СПВП во Договорот од Мастрихт

Како изгледа институционалната рамка, во која треба да се соработува на овие полиња? Ова Ви го покажува следната слика во вид на графички преглед.

Државите-членки се консултираат меѓусебно во Советот за да ги координираат своите постапки. Тука е потребно да се образложи и соработката помеѓу постојаните административни служби. Советот во областите, кои можете да ги видите на левата страна на сликата над повлечената линија, по иницијатива на некоја држава-членка или на Комисијата во областите наведени во долната половина, може да утврдува заеднички становишта само по иницијатива на некоја држава-членка и да поддржува секаква соработка, која ќе им служи на целите на Унијата, а покрај тоа и да одлучуваат за заеднички мерки, но само тогаш, ако истите можат подобро да се реализираат заеднички отколку како мерки на посебните држави-членки. Ова ограничување на (со)иницијативното право на Комисијата јасно покажува дека државите-членки давале отпор на навлегувањето на ЕЗ во главните области на суверенитетот на националната држава.

Важен дел од институционалниот склоп на третиот столб претставува К4-Советот, кој се состои од високи службеници на државите-членки, а кој е именуван така според член од Договорот, со кој беше воведен, и кој во својот состав и своите функции многу потсетува на Политичкиот комитет во рамките на  ЕПС односно ЗНБП. Тој треба да презема координирачки задачи, да ја подготвува работата на Советот и, или по барање на Советот или од самиот себе, да подготвува мислења. Модусот на одлучување е практично постојано едногласност.
Европскиот парламент е информиран за работата од претседателството и Комисијата и може да даде препораки на Советот
.

[Почеток на страна]
 

Дефицити во институционалната конструкција

Вака создадената институционална конструкција, која се наоѓа помеѓу функционалниот притисок и претставите на државите-членки што упатуваат кон супранационална односно меѓудржавна насока се покаж како исклучително дефицитарна. Така на пример, нејаснотиите и испреплетувањата во поделбата на надлежностите помеѓу ЕЗ-столбот и третиот столб енормно ги отежнаа и ги успорија процесите на одлучување.

Гравирачки дефицити со себе носеше, пред сè, практично континуирано важечкиот принцип на едногласност. Еднаш спречи конкретни резултати во форма на нови правни норми. Освен тоа, а ова стана особено јасно во одлуките за правото на странци, спречи вистинска хармонизација на националните правни прописи. Ако воопшто се доаѓаше до одлука тогаш само врз база на најмал заеднички именител. Практично секогаш се предвидуваат бројни исклучоци, на кои инсистираат оние држави-членки, кои во оваа правна сфера веќе имаат национална регулатива и не се подготвени да ја изменат.

Институционална рамка на СПВП во Договорот од Амстердам

Увид во неефикасноста на одредени регулативи и потребата од подобрување на ЕУ е една работа, а сосема друга работа е тоа, дали и до каде ова увидување може да се реализира во практични решенија со оглед на различните позиции на државите-членки и на тврдокорноста на суверенитетот на националните држави. Да ги разгледаме на следната слика одредбите од Договорот од Амстердам во областите правда и внатрешни работи од оваа перспектива.

Одлучувачка точка овде е што навистина важни делови од досегашниот трет столб, конкретно политиката на азил, прописите за пречекорување на надворешните граници, политиката на емиграција и политиката кон државјаните на трети земји како и соработката на полето на правдата во граѓански и казнени спорови, се пренесуваат во правото на заедницата и тоа во рамките на насловот IV [виза, азил, емиграција и други политики што се однесуваат на слободното движење на луѓе], кој беше како нов додаден во Договорот за ЕЗ, а кој ги опфаќаше членовите 61 до 69.
Останатите делови од третиот столб беа компримирани под новиот и потесен наслов „Одредби за полициската и правната соработка по кривични спорови“, тоа е насловот VI од Договорот за ЕУ, кој ги опфаќа членовите 29 до 42, а кои, верувале или не, барем делумно беа подредени во јурисдикција на Европскиот суд.
Покрај тоа, т.н. Шенгенската сопственост беше вклучена во ЕУ со протокол насочен кон отпаѓање на внатрешните граници. По еден следен протокол како исклучок останаа Ирска, Велика Британија и Данска.

[почеток на страна]
 

институционален развој на СПВП

Дозволете ми, пред да поставиме прашање за причините за ваквиот зачудувачки развој во насока супранационализацијата, кој се наоѓа во јасна противставеност со обликувањето на соработката во ЗНБП/ЕБОП, накратко да завршиме со хронологијата на институционалниот развој на СПВП.
Договорот од Ница, кој влезе во сила во 2003, предвидува, државите од ЕУ по одделни прашања по слободен избор да можат да одлучуваат со мнозинство и со учество на Европскиот парламент, значи прогнозира уште еден јасен чекор во насока кон супранационализацијата, но ова го прави зависно од тоа, државите-членки однапред да договорат минимални норми за областите како емиграција или азил. Уште посупстанцијални напредоци на патот кон „повеќе Европа“ во внатрешната политика и правдата ќе донесеше Договорот за устав, кој по негативниот исход на референдумите во Франција и Холандија е ставен на чекање за понатаму.

Институционалниот развој на СПВП како анализа

Со оглед на високиот притисок од проблеми, во Договорот од Мастрихт се дојде до вклучување на областите правда и внатрешни работи во третиот столб; но, договорените регулативи беа сосема недоволни заради различните темелни позиции на државите-членки, заради стравувања од исчезнување на националниот суверенитет, разликите во организацијата на полицијата и правдата во државите-членки итн. и не можеа ниту оддалеку да бидат доволни барем за рудиментарни барања за ефикасност и демократска контрола. Тука, значи, можеме да ја најдеме „состојбата со мешани варијабили“, која веќе ја запознавме: од една страна фактори, кои притискаат во насока на заедничување; но, ваквото заедничување на меѓудржавно ниво не е можно во потребниот обем заради детерминантите, кои дејствуваат токму во спротивната насока.

Разлики со ЗНБП/ЕБОП

Одлучувачката разлика во споредба со ЗНБП се состои во тоа што пред сè само неколку години по Договорот од Амстердам и Договорот од Ница  можеше да дојде до далекусежни корекции во поглед на обликувањето на соработката. Овие корекции речиси и да можат да се означат како мал пробив; преку нив, иако само срамежливо, може да се препознае трендот, кој можеме да го набљудуваме во голем број други политички полиња на столбот на ЕЗ, како на пример кај политиката на животна средина и монетарната политика.

Причини за разликите: притисок од проблемите и засилена соработка

Зошто? Што се промени во состојбата со варијабилите? Од моја гледна точка два елемента играа одлучувачка улога: од една страна огромно израснатиот притисок од проблеми по референдумите во Мастрихт и внатрешниот пазар, како и крајот на конфликтот Исток-Запад и импликациите по миграцијата и внатрешната безбедност, и како второ фактот што со Данска и Велика Британија или не се или само парцијално се вклучени земјите што во минатото во најразлични области постојано го спречуваа договорањето заради својата темелна позиција во поглед на националниот суверенитет и обликувањето на ЕУ.

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон Билансот: Централни обележја на институционалниот склоп на ЕУ ...

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.