|





| |
Основен курс 4:
Институции на системот на ЕУ со повеќе нивоа

|
Ретроспектива на досегашните основни курсеви |
Во
досегашните основни курсеви се занимававме со развојот на процесот на
интеграција. Притоа стана збор за пренесувањето на потребните факти, но
не како цел сама по себе, туку како прво за да се идентификуваат
основните прашања, кои се поставуваат во контекст на занимавањето со ЕУ,
а како второ за да се добие претстава за можните детерминанти и
развојните мостри на процесот на интеграција. Како поврзувачка точка би
сакал да потсетам на неколку резултати од напорите. Со
кои централни прашања, со какви особености на ЕУ се судривме?
Констатиравме дека:
|
|
Особености на ЕУ |
 |
кај
ЕЗЈЧ, ЕЕЗ и ЕУ се работи за нови и единствени форми на соработка; |
 |
може
да се набљудува една сосема специфична коегзистенција на
супранационални и меѓувладини елементи; |
 |
се
реализираше забележителен развој од секторска кон опширна и од
меѓудржавна кон супранационална соработка; |
 |
многу
мерки можеа да се реализираат дури по временски одложувања донекаде и
од децении; |
 |
кругот
на држави-членки енормно се зголеми.
|
|
|
Предмет
на основниот курс 4 |
Во овој
основен курс сакаме поопширно да се занимаваме со институционалниот
склоп на ЕУ, во насока кон истата цел, започнуваме значи од првите две
точки од листата со тоа што ќе испитуваме поблиску, во што всушност
се состои новината во институционална област и каде можат таму
да се идентификуваат супранационални и меѓудржавни елементи. Од овие
првични размислувања произлегуваат три цели за претстојниот основен курс
4. Мораме:
|
|
Цели на
основниот курс 4 |
 |
Како
прво да имаме преглед на главните структурни специфичности на ЕУ,
особено за оние карактеристики, доведуваат до нејзината
класификација како супранационална организација, значи како
организација
што се разликува од чисто меѓудржавните односи или класичните меѓународни организации. |
 |
Како
второ, мораме во вид да го имаме целиот контекст и комплексноста на
оваа структурна поставеност. Тоа значи не смееме да останеме на
супранационално ниво, туку мораме да ги вклучиме и државите-членки во
испитувањето, и конечно |
 |
Како
трето да ги испитаме сите три столба, значи не само ЕЗ, туку и
заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) како и
соработката во доменот на правото и внатрешните работи, бидејќи
институционалната поставеност и правилата на игра помеѓу овие три
области значително се разликуваат. |
[Почеток
на страна]
|
|
Зошто
вклучување на сите нивоа? |
Зошто сите овие фактори и нивоа мораат да бидат вклучени
во набљудувањето, каде само супранационалното ниво се
претставува ионака доволно сложено?
Тоа произлегува од следната слика.

Сликата покажува дека од една страна актерите на
национално и субнационално ниво се застапени на ниво на
ЕУ и дека соделуваат во одлуките, така на пример
националните влади во Советот на ЕУ и во Европскиот
совет, тоа значи на централно место; субнационалните
влади во комисијата за региони; асоцијациите во
Економската и социјална комисија, а освен тоа
населението во државите-членки ги избира пратениците
во Европскиот парламент.
Од друга страна може да се забележи дека одлуките на ЕУ,
нејзините закони, во државите-членки важат директно и
обврзувачки како национални закони и тоа во
квантитативно и квалитативно сθ
позначаен обем. Помислете само на тоа дека во земјите од
Евро-зоната, владите на државите-членки се откажале од
своите овластувања дури и од монетарната политика, која
е толку важна за националниот суверенитет!
Со други зборови: трите нивоа се меѓусебно толку тесно
поврзани што итно мораат да бидат набљудувани и
анализирани заеднички во нивната интеракција. Од таа
причина во научната дискусија се зборува за ЕУ-систем
или за Систем на повеќе нивоа на ЕУ.
[Почеток
на страна]
|
Оттука
произлегува следната структура на основниот курс 4:
|
ЕУ-структура
1: |
 |
Како прв чекор ќе се концентрираме на супранационално ниво и поблиску
ќе ги разгледаме посебните институции, нивниот состав, нивните задачи
и нивната интеракција. Притоа најпрво ќе стане збор за
институционалниот триаголник
Комисија Совет
Парламент. |
|
|
ЕУ-структура
2: |
 | Со
набљудувањето на
Судот и на Европскиот совет ќе ја пополниме сликата
на супранационално ниво. |
|
|
ЕУ-структура
3: |
 |
Како втор чекор ќе стане збор за важните структурни предуслови и други
одредувачки фактори на политиката на заедницата на државите-членки,
значи за националното ниво. |
|
|
ЕУ-структура
4: |
 | На
крајот ќе се осврнеме кон вториот и третиот столб, значи кон
заедничката надворешна и безбедносна политика како и на соработката во
областите на правдата и внатрешните работи. Кои се централните органи,
како тие соработуваат, како изгледа распределбата на задачи помеѓу
Унијата и државите-членки, како се поставени модусите на одлучување во
споредба со ЕЗ и како изгледа разграничувањето односно
испреплетувањето на задачите со овој трет столб тоа ќе бидат
централните прашања, за кои ќе стане збор. |
|
|
Биланс: |
 | На
крајот ќе се обидеме систематски да ги резимираме суштинските
карактеристики на структурната градба на ЕУ. |
|
[Автор: Проф.
Др.
Волфганг Шуман]
[Почеток
на страна]
|