ЕУ-структ. 4
Нагоре ЕУ-структ. 1 ЕУ-структ. 2 ЕУ-структ. 3 ЕУ-структ. 4 Биланс

 

ЗНБП/ЕБОП
СПВП


 

Европска унија

Институционалниот склоп во вториот и третиот столб

Вовед

Особености на институционалниот склоп на ЕУ

Главната цел на основниот курс 4 е да го анализира новиот изглед на ЕУ, исто така и во поглед на нејзиното институционално обликување. Притоа во досегашниот тек на овој дел откривме голем број на особености: сетете се на составот на институциите како Советот на министри, Комисијата или Европскиот парламент и нивната интеракција, кои немаат свој пример во ваква форма, или помислете на единствената конструкција на системот со повеќе нивоа на ЕУ.

и нивни причини

Во овој контекст се судривме и со причините за оваа специфична конструкција, имено висок степен на функционални притисоци, кои тераат на соработка, од една страна. Од друга страна постојат голем број различни претстави на државите-членки за обликување на оваа соработка (меѓудржавна-супранационална). Двете заедно доведоа до многу различни видови на институционално-процедурални конструкции во посебните политички полиња и оттаму е во значајна мера одговорна за сложеноста на ЕУ-системот.

Анализа на 2 и 3 столб

Овие, досега стекнати сознанија, кои почиваат исклучително на едно испитување на ЕЗ-столбот, треба да се потполно со набљудувањето на останатите два столба, имено на Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) и на Европската безбедносна и одбранбена политика (ЕБОП), која ја надополнува првата, како втора како и на соработката на полето на правдата и внатрешната политика како трет столб.


 

Ја надополнува сликата за институционалниот склоп и динамиката на процесот  интеграција

Кај двете области се работи за централни носечки столбови на националниот суверенитет, кои сосем очигледно беа преземени дури со Договорот од Мастрихт, значи по децении на соработка во ЕЗ, надвор од ЕЗ со сосем посебни, од столбот на ЕЗ отстапувачки институционални и процедурални правила во Унијата. Но, токму затоа е и важно и неопходно нивното вклучување овде за да се стекне целосна слика за институционалниот склоп на ЕУ на динамиката на процесот на интеграција.

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон Институционалниот склоп на вториот столб: ЗНБП и ЕБОП ...

[Почеток на страна]

 

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.