Меѓународен УНЕСКО едукативен сервер за образование за демократија, мир и човекови права
 
  D@dalos почетна Почетна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

Човекови права / Примери / Демократија / Партии / Европска унија / ООН / Одржливост / Глобализација

     

 

Методи:

Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот  /// критика, коментари?

 

Европска унија

Институционалниот склоп на супранационално ниво (II)

Структурирање на делот


Европски суд

Задачи и надлежности на ЕС

И Европскиот суд (ЕС), исто како и Европскиот парламент (ЕП) носи ознака што е позната од националната држава, а освен тоа задржана е судската власт, која е вообичаена за поделбата на власт во либерал-демократските системи. Судот е одговорен за почитување на правото на Заедницата. Во негови надлежности спаѓаат правните спорови меѓу државите-членки, спорни случаи помеѓу Унијата и државите-членки, помеѓу органите и институциите на Европската унија како и помеѓу поединци и Унијата. Освен тоа, националните судии можат да се обратат до Судот за случаи што се одвиваат пред националниот суд во случај на проблеми при интерпретирањето во контекст на правото на Заедницата.
Од сликата можете да забележите дека, покрај Судот, постои уште еден, т.н. суд од прв степен
. Тој беше основан во 1989 за да го растовари Судот во својата работа. Во негова надлежност спаѓаат, меѓу другото, директни тужби на граѓани и фирми против дејства или забрани на органите на ЕУ како и тужби за обесштетување против ЕУ.
Освен тоа, од прегледот може да се забележеи дека службено-правните конфликти помеѓу ЕУ и нејзините службеници од есента 2005 се обработуваат пред судот за јавната служба во ЕУ
.


 

Патишта за активирање на ЕС

Европскиот суд може да се активира на два начина. Како прво преку т.н. постапка на предодлучување, кај која националните судови бараат интерпретација за аспекти од правото на Заедницата, кои им се потребни во решавањето на случаите што тие ги обработуваат, а од друга страна преку директни тужби.

Енормно влијание на ЕС врз развојот на ЕУ

Неговото вистинско влијание може да се забележи дури кога детално ќе се разгледа неговата активност во посебните области. Тој енормно влијаеше врз уставно-правната рамка во насока на супранационалност, и го спроведе, меѓу другото, принципот на непосредно, тоа значи за секој граѓанин на ЕЗ без меѓувклучување на државите-членки, директно дејствување на правото на ЕЗ како и предност на правото на Заедницата пред националното право. Во основниот курс 2 веќе разговаравме за овие граничници на развојот на Заедницата.

Покрај тоа, тој делумно остави далекусежен значителен впечаток и во материјалната политика; така на пример тој со една иновативна одлука го спроведе принципот на меѓусебно признавање на стандарди на државите-членки, што ја замени макотрпната и долготрајната хармонизација на норми и стандарди, а со тоа создаде и значајна претпоставка за проектот на внатрешен пазар. Една важна причина за влијанието на ЕС беше дека нему со една целно насочена и мошне мудра стратегија му успеа да ги вклучи националните судови во ЕУ-судството.
Би можело да се претпостави дека при сево ова станува збор за процеси, кои се далеку во минатото, па оттаму повеќе не го олицетворуваат актуелното влијание на ЕС. Но, една нова пресуда (ноември 2005), која можеби ќе и отвори на Комисијата влијание во сферата на казненото право и затоа доведе до остри дискусии, докажува дека ова навистина држи. За да се информирате за пресудата кликнете на овој линк, кој ќе се отвори во нов прозорец.

Заклучок и оценка

При давање оценка мора да се дојде до заклучок дека самиот ЕС, во споредба  со влијателните национални уставни судови, како на пример Врховниот суд во САД или германскиот Сојузен уставен суд, располага со поголема тежина и му дава на процесот на интеграција значајни импулси. Неговата улога и правниот поредок, кој значително беше ко-креиран од негова страна, несомнено спаѓаат во издигнувачките обележја на „супранационалноста“ на ЕЗ, која темелно ја разликува од сите други меѓународни организации.

[Почеток на страна]


Европски совет

Европскиот совет во преглед

Кај Европскиот совет станува збор за еден орган, кој стои над трите столба, кој меѓусебно ги поврзува и кој презема задачи на централно раководење. И тука треба најпрво да „фрлите поглед“ на сликата.

Развој на Европскиот совет

Самит на шефови на држави и влади

 

Додека Советот на министри од почеток беше дел од Договорот, ова не се однесува и за Европскиот совет. Тој беше создаден од Самитот на шефови на држави и влади на Заедницата, кој се одржа во 1969. На почетокот тие се одржуваа во нередовни растојанија; со одлука на Париската конференција од 1974 тој, како Европски совет, стана постојана институција, но без негово „вкоренување“ во Договорот за ЕУ. Тој се занимаваше со централните теми на ЕЗ, пред сè со т.н. Европската политичка соработка (ЕПС), која беше институционализирана на меѓудржавна основа, со која требаше да се направи обид за усогласување во надворешната политика. Со оглед на својот состав тој се разви, иако тоа не беше предвидено со договорите, во највисок одлучувачки гремиум.

Од Договорот од Мастрихт:  утврдување на водичите за развојот на Унијата

Но, попрецизно утврдување на неговата улога беше направено дури со Единствениот европски акт (EEA) 1986/87. На тоа се надоврза Договорот за Европска унија од Мастрихт и го потврди во својата функција, да го доведе напред европското обединување во целина и да ги заокружи неговите различни области. Така, во член Д од Договорот за Унијата се вели: „Европскиот совет и ги дава на Унијата импулсите што и се неопходни за нејзиниот развој и ги утврдува општите претстави за политичките цели за таквиот развој.“ Ова, пред сè, важи и за водичите за Заедничката надворешна и безбедносна политика, каде Договорот од Амстердам, кој влезе во сила на 1.5.1999, на Западно-европската унија (ЗЕУ) и предвидува дури и ориентациона надлежност. Освен тоа, Европскиот совет редовно е пред предизвик кога ресорните министри во Советот на министри во одделни области не можат да дојдат до договор и кога се неопходни вонполитички консултации и „пакети“.

Заклучок

Европскиот совет како институција, која ја олицетворува меѓудржавната компонента на Европската унија, несомнено доби многу на значење во последните децении. А неговото влијание треба да е зголемено уште повеќе со воведувањето на нов устав, кој најпрво не помина по негативното гласање на референдумите во Франција и Холандија. Но, би било погрешно да се заклучи еден генерален меѓудржавен тренд во ЕУ.
Искажаното за судот, а особено прегледот за развојот на процесот на интеграција во основните курсеви 2 и 3 уште повеќе ставија јасно до знаење дека тој истовремено даде јасни тенденции во насока на супранационализација. А оваа „истовременост“ на противставени развои најде свое олицетворение и во конструкцијата на сложениот институционален склоп со единствен карактер.
Имајќи ги предвид целите појаснети на почетокот на тематскиот комплекс, кај дискусијата за институциите се ограничив на нивото на ЕУ и на петте главни органи. Основни информации за останатите институции на супранационално ниво можете да најдете на интернет, на пример, само колку да наведам еден од многуте можни извори, во Порталот на Европската унија.

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон Структура на ЕУ 3: Национално ниво ...

[Почеток на страна]

 
 

Нагоре

D@dalos почетна

Почетна

Графички преглед

Контакт

© 1998-2011 D@dalos - политичко образование, Воспитување за демократија, Образование за човековите права, Педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.), Веб: Агора