ЕУ-структ. 1
Нагоре ЕУ-структ. 1 ЕУ-структ. 2 ЕУ-структ. 3 ЕУ-структ. 4 Биланс

 


 

Европска унија

Институционалниот склоп на супранационалното ниво (I)   

Структура на овој дел

Институциите на ЕУ во преглед

Пред поконкретно да ги погледнеме органите, (да се послужиме со филмски жаргон) да фрлиме еден поглед од „тотал“ на институционалниот склоп во преглед со помош на слика.

Најупадливиот знак на склопот на актери на супранационално ниво и една сосем централна разлика во споредба со националните политички системи несомнено претставува фактот што одлуките суштински се донесуваат од еден орган, кој се состои од владини претставници на државите-членки, Советот на Европската унија (или Советот на министри). Затоа би сакал да започнам со него.

[Почеток на страна]


Совет на Европската унија

Советот на ЕУ како централен орган на одлучување

Кај Советот на министри се работи за централниот орган на одлучување на ЕЗ. Тој, по предлог на Комисијата, а со учесто на Европскиот парламент, одлучува за законите на Заедницата. Тоа е темелниот тек на одлучувањето во Заедницата уште од почетокот. Но, тоа што се промени е релативната тежина на вклучените три органи. Советот, зависно од политичкото поле, се појавува во различен состав, значи на пример како Совет на министри за земјоделство, Совет на министри за животна средина итн. Освен тоа, присуствува и надлежниот член на Комисијата.

Темел на Советот на ЕУ

Комисија на постојани претставници

За многу министри на државите-членки работата на Советот претставува важен дел од задачите. Бидејќи тие се само кратко време во Брисел, потребна им е поддршка.
Тука, пред с
è, е важна Комисијата на постојани претставници (КОРЕПЕР), која резидира во Брисел, а која се состои од постојани претставници на државите-членки како и од нивни заменици и се среќава секоја недела. Оваа Комисија врши надзор и ги координира работите на околу 250 комисии и работни групи, кои се состојат од службеници на државите-членки и кои на техничко ниво им ги подготвуваат досиејата на КОПЕРЕР и на Советот. КОПЕРЕР го презема главниот дел од подготовката на одлуките по сите содржински прашања.

Секретаријат на Советот

Секретаријатот на Советот опфаќа околу 2500 соработници во шест одделенија. Неговите задачи се примарно од административна природа, тоа значи дека тука се завршуваат работи од типот на подготовка на агенда за работа, изработка на извештаи, преведувачка служба, контрола на правни прашања итн. Структурата на Советот е прикажан на сликата.

Совет на ЕУ во преглед

[Почеток на страна]
 

Модус на одлучување

Врз основа на Луксембуршкиот компромис, кој Ви е познат од основниот курс 2, најпрво во принцип се одлучуваше едногласно. Од средината на 80-тите години, а пред сè од Договорот од Мастрихт и Договорот од Амстердам сè повеќе се проби квалификуваното мнозинство како модус на одлучување. Еден развој, кој продолжи со влегувањето во сила на Договорот од Ница. Сепак, квантитативното проширување на областите на примена за квалификуваното мнозинство одат заедно со едно гравирачко отежнување на применливоста на овој модус преку пропишаното тројно барање (одреден број гласови, мнозинство на држави-членки, 62% од вкупното население на ЕУ) што исто така беше утврдено со Договорот од Ница. Освен тоа, овластувањата за соодлучување на Европскиот парламент беа постојано отежнувани.

Функционална диференцијација на Советот

Како друга важна карактеристика на овој централен орган треба да се наведе фактот што неговата работа стекна зголемено диференцирање од основањето на ЕЕЗ. Со ова се мисли дека одделните политички полиња, кои ги покриваат различните советници, сè повеќе водат свој јасен живот, и тоа пред сè од две причини:

bulletНа ниво на држави-членки сè помалку се координира и се утврдува една германска, една италијанска и една британска позиција. Ова јасно упатува на тоа, колку многу политиката на посебните држави-членки кон ЕУ го изгубила  својот карактер на „надворешна политика“.
bullet Како второ со преминот кон квалификувано мнозинство сè повеќе отпадна потребата од договарање во рамките на големите, вонполитичките т.н. договори.

Една мошне важна последица од ваквиот развој е што наместо елементи на државите-членки на преден план преминуваат елементи специфични за политичките полиња. Тоа значи дека линиите на поделба сè повеќе се наоѓаат помеѓу посебни области а сè помалку помеѓу државите-членки. Тука може да се забележи уште една важна индиција за посебниот, повеќе не само меѓудржавен, карактер на соработката во ЕУ.

Европска комисија

Задачите на Комисијата во преглед

Со Комисијата, која е исто така без сличен пандан во меѓународната и во националната политика, стигнуваме до првиот вистински супранационален орган. Подобар преглед можете да добиете од сликата.

Состав

Таа се состои во моментов (ноември 2005) од 25 членки, кои се предложени од владите на државите-членки и се именуваат на пет години, при што во меѓувреме е потребна согласност и од страна на Европскиот парламент. Комесарите не дејствуваат за својата земја, туку треба да се ангажираат сосем независно за интересите на заедницата. Поддршка добиваат од околу 20.000 службеници, нешто помалку од некои големи градови, во 26 таканаречени Генерални дирекции (на пример за сообраќаj, земјоделство, надворешни односи, регионална политика итн.) и девет служби, кои се поделени во дирекции и сектори.

[Почеток на страна]
 

Задачи на комисијата

Централните задачи на Комисијата можат да се опишат со четири клучни збора.
 

Предлози за натамошен развој на политиката на Унијата

Иницијативно право: на секоја одлука на Советот мора да и претходи предлог од страна на комисијата. Притоа таа, како мотор на интеграцијата, треба да изработува предлози за развојот на политиката на Заедницата. Ова право, да се утврдува дневната агенда, да се предаваат предлози во одреден временски период и меѓусебно да се поврзуваат различни иницијативи и придава значително влијание во законодавната постапка.

Чувар на договорите

Чувар на договорите: Комисијата ја контролира примената на договорните одредби и на одлуките донесени од органите на ЕУ и може, доколку констатира нивни повреди, да се јави на Европскиот суд.

Егзекутивен орган

Егзекутивен орган за спроведување на политиката на заедницата: ова опфаќа управување со финансиските средства како и спроведување на на политиките на ЕЗ. Ова сигурно не значи дека Комисијата го презема извршувањето на безбројните уредби и директиви во државите-членки. За тоа воопшто не би била во состојба со оглед на својата кадровска опременост. Ова и припаѓа на администрацијата на државите-членки или на нивните регионални единици. Главната задача на Комисијата се состои во надзорот и контролата на спроведувањето што се врши од страна на државите-членки.

Застапување кон надвор

Застапување кон надвор: Комисијата ја претставува Заедницата, на пример во преговорите за ГАТТ/СТО и во меѓународни организации; ова делумно се случува заедно со државите-членки и/или претседателството.

Карактеристики на Комисијата

Како важни карактеристики на Комисијата треба да се наведат: нејзината врежана функционална диференцијација како и фактот што се работи за една мултинационална бирократија, која располага со широк систем на комисии (комитологија), во чии рамки се одвива мошне тесна соработка како со администрациите на државите-членки така и  со националните евро-сојузи.

Европски парламент

ЕП во преглед

Со Европскиот парламент (ЕП) се соочуваме со првиот орган на супранационално ниво, кој носи ознака што му е придадена од страна на националните политички системи. И тука се препорачува најпрво да се фрли поглед на сликата.


 

[Почеток на страна]
 

Развој на овластувањата на ЕП

Сепак, ЕП значително се разликува од националните парламенти. Овластувањата и улогата на ЕП уште од самото основање на ЕЗЈЧ беа потчинети на постојана промена и тоа промена од таков вид што сè повеќе добиваше на влијание. Важни етапи притоа беа проширувањето на неговите овластувања во буџетот (1975), спроведувањето на првите директни избори (1979), воведувањето на постапката за соработка (1986) и воведувањето на постапката за соодлучување (1992) како и, на крај, значителното ширење на полето на примена на постапката на соодлучување со Договорот од Амстердам.
Други промени произлегоа конечно со влегувањето во сила на Договорот од Ница. Со улогата на ЕП како созаконодавец, заедно со Советот на министри, тој доживеа ново ширење и јакнење.

Организација и структура на ЕП

За структурата и организацијата на ЕП поопширна информација дава следнава слика, од која веднаш можат да се препознаат важни разлики во споредба со националните парламенти.

Сликата покажува дека ЕП е составен од прекугранични фракции, како на пример фракцијата на Европската народна партија и на Европските демократи (ЕНП-ЕД), која во моментов претставува најголема сила со 279 пратеници, или фракцијата на Социјал-демократската партија на Европа (СПЕ) со 199 пратеници. Покрај тоа, од сликата можете да го видите бројот на пратеници што доаѓаат од посебните држави-членки.
 

[Почеток на страна]
 

Комисии на ЕП

Исклучително важно за работата на ЕП и неговото влијание се 20-те постојани комисии (види и преглед во сликата подолу). Парламентарците што се активни во посебните комисии за време на својот мандат од пет години, се во состојба да стекнат супстанцијално стручно знаење. На тој начин тие не само што можат интензивно да ја следат работата на Генералните дирекции на Комисијата и на стручните советници-министри со нивното поставување во соодветна област на надлежности, туку можат и да влијаат врз нив, дури и повеќе одошто се претпоставува дека формалните надлежности го можат тоа. Важно во овој контекст е и тесната соработка со соодветните служби на Комисијата како и транснационалните и националните здруженија.

 

Карактеристики на ЕП

Значи, како суштински карактеристики на ЕП можат да се сметаат следните: се работи за мултинационален парламент во постојана промена, кој укажува како на идеолошки, помеѓу прекуграничните фракции, така и на национални конфликтни линии, за потеклото на пратениците од посебните земји. Како кај другите веќе наведени органи, и кај Парламентот се забележува јасно врежана функционална диференцијација. Конечно треба да се потенцираат и вонредно тесните врски и интензивната соработка со Комисијата, честопати против Советот на министри.

Оценка

Оценувањето во споредба со националните парламенти зависи од перспективата. Од статичка перспектива може да се заклучи дека значењето на ЕП и понатаму останува зад значењето на парламентите во националните системи, но и дека го надминува сето она што се наоѓа како парламентарни собранија или гремиуми на меѓународните организации. Но, ако се погледне развојот во последните две децении, не може да не се забележи дека тежината е енормно зголемена во споредба со другите органи: друга важна индикација за „супранационализацијата“ на ЕЗ.

Заклучок

Наведените три институции - Комисијата, Советот и Парламентот, претставуваат центар на одлучување во системот на Заедницата. Овој триаголник е обележан со други, исклучително важни органи, до кои стигнуваме на следната страна: Европскиот суд и Европскиот совет.

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон Структура на ЕУ 2: Институции на супранационално ниво (II) ...

[Почеток на страна]

 

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.