|
Особености на институционалниот склоп на ЕУ |
На
крајот би сакале уште еднаш да го погледнеме основниот курс 4 во
преглед. Во центарот се наоѓаше, пред сè,
една цел: сакавме да ги запознаеме оние обележја на институционалниот
склоп на ЕУ, кои доведоа до нејзино класифицирање како супранационална и
преку кои се разликува од класичните меѓународни организации. На крај би
сакал да ги резимирам накратко централните точки. Кои се особеностите на
институционалниот склоп на ЕУ? |
|
Правен
поредок |
Тука
треба да се наведе правниот поредок како и, во потесен контекст на ова,
улогата на Европскиот суд од една страна, кои се многу слични со
состојбата во националните политички системи. |
|
Функционална
диференцијација |
Од друга
страна, тука треба да се упати на, во меѓувреме мошне врежаната,
функционална диференцијација, која се провлекува низ сите нивоа и која
придонесе за тоа, формулирањето на политиката на ЕУ во државите-членки сè
повеќе да го губи карактерот на класична надворешна политика. |
|
Сукцесивна
супранационализација во голем број области |
Конечно,
како трето треба да се наведе сукцесивниот премин кон одлучување со
квалификувано мнозинство во Советот на министри, енормното зголемување
на улогата на Европскиот парламент, кој во меѓувреме во многу области
премина во рамноправен соиграч на Советот на министри, како и фактот што со
Договорот од Амстердам, третиот столб, дотогаш љубоморно чуваниот
резерват на суверенитетот на националната држава, доживеа барем
внимателна супранационализација. |
|
Аналогии
со националните политички системи |
Покрај
тоа, пак, како и досега постојат индикации за меѓудржавниот карактер на
ЕУ, особено во Заедничката надворешна и безбедносна политика. Но, при
нашата анализа на институционалниот склоп на ЕУ стана јасно дека оваа
соработка на националните држави навистина маркира еден екстремен пол на
меѓународната политика, пол, кој укажува на бројни и непревидливи
аналогии за политиката во националните политички системи. |
|
Продлабочување на знаењата |
За
продлабочување на тематиката обработена во Основниот курс 4 Ви нудиме
посета на Интернет. Извонередна појдовна точка за ова претставува, на
пример,
Листата на
Гугл-
за институциите на ЕУ што опфаќа 200 извора! |