Меѓународен УНЕСКО едукативен сервер за образование за демократија, мир и човекови права
 
  D@dalos почетна Почетна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

Човекови права / Примери / Демократија / Партии / Европска унија / ООН / Одржливост / Глобализација

     

 

Методи:

Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот  /// критика, коментари?

 

Европска унија

Анализа на процесот на интеграција (II) - етапа 8

Причини и последици од „Не“ во Франција и Холандија



Причините за „Не“ - прво снимање на фактичка состојба

Причините за „Не“

Сега си поставуваме две прашања, беше нашиот заклучок на крајот од претходниот дел. Како прво, прашањето за причините за ова одбивање; како второ, прашањето за последиците. Да започнеме со првото, за позадините на ова Не. Една од досега постоечките детални анализи, ни ги дава следниве одговори за случајот Франција.

Економската ситуација во земјата

Опозицијата против владата

Овде, според анкетите, економската и социјалната ситуација во Франција за 52 процента од испитаниците спаѓаше во главните причини за нивното „Не“. 24 проценти од противниците на уставот изјавија дека ја искористиле можноста на опозицијата наспроти владата околу претседателот на државата. 31 процент усно изјавија дека со своето Не сакале да ја изразат својата недоверба кон политичката класа воопшто. Значи, со други зборови, на преден план стоеја внатрешно-политички мотиви.

Мнозинство за устав!

ЕУ позитивно оценета

Овој впечаток произлегува дотолку повеќе бидејќи темелната идеја за еден устав е поддржана од мнозинството на граѓаните на ЕУ (61%) и, како што покажуваат најновите резултати на евробарометар-анкетите од јули 2005 година, како во Франција (53%) така и особено во Холандија (67%) се оцени како многу позитивно членството во ЕУ! Наспроти тоа, се покажува зголемување на скепсата за ново проширување и, пред сč, за можниот прием на Турција во ЕУ.

Контрадикторна слика

 

Сč на сč, по однос на причините за „Не“ произлегува контрадикторна слика, една сложувалка, која не се составува лесно, која во секој случај разјаснува со оглед на тоа што различните нивоа (држави-членки и ЕУ-ниво) во Унијата очигледно не можат повеќе да се одделат, а од ЕУ во голема мера се бара да се отвори за граѓаните повеќе покон отколку досега и нив еднакво да ги „земе со себе“ во своите акции. Граѓаните на ЕУ, населението на државите-членки во последните години станаа централен, суштински влијателен фактор - сосема различно од почетоците на ЕЕЗ/ЕЗ. На следнава слика накратко се резимирани досега стекнатите сознанија.         

[Почеток на страна]
 


Последиците од „Не“ врз процесот на интеграција - правила на одлучување

Договорот од Ница останува важечка основа на договорот

Доаѓаме до второто прашање, она за последиците од „Не“. Што значи тоа: дека уставот не може да биде донесен во догледно време и нема да влезе во сила? Една последица сигурно може да се именува, имено дека Договорот од Ница и понатаму ќе остане важечка основа на договорот за дејствувањето во ЕУ. За да може да се процени што значи тоа, може да помогне да се потсетиме на евалуацијата при испитувањето во етапа 6. Со едно кликнување на линкот ќе отворите нов прозорец со соодветниот пасос.

На тој начин одлуките со квалификувано мнозинство се енормно тешки

За сето тоа да се биде поконкретно би сакал преку пример да Ви покажам еден многу важен, одлучувачки елемент, што значи отежнување на решенијата и донесувањето одлуки, како што се наречени во евалуацијата, имено на одредбите за квалификувано мнозинство. На следнава слика се сумирани централните аспекти.

Значи очигледно, според структурата на институциите и на правилата за одлучување, се работи за тешка ситуација, која го отежнува донесувањето одлуки и способноста за дејствување на Унијата. Од друга страна, прегледот на историјата на ЕУ ни покажа дека исто така е можно, блокадите да се пребродат едногласно. Помислете на проектот за внатрешен пазар и интегрираните европски досиеја, кои, по скоро 20-годишна стагнација и покрај сите потешкотии беа донесени едногласно (!).

[Почеток на страна]
 


Последиците од „Не“ врз процесот на интеграција - хетерогеност на државите-членки

Неопходна е дополнителна контрола на конфликтните линии помеѓу државите-членки

Како беше можно тоа? Бидејќи во игра беа уште два фактора и тоа како прво високата мера на функционален притисок, со стравувањето дека по однос на економијата сериозно ќе се остане позади САД и Јапонија, и како второ релативната хомогеност на позициите и интересите на државите-членки. Тие отворија можност да се дојде до договор и под признакот на едногласност.
Што значи тоа за анализата на ситуацијата по одбивачките референдуми? Тоа значи дека за евалуација на последиците од „Не“ за натамошниот развој на процесот на интеграција не е доволно само да се познаваат правилата на одлучување, ние мораме многу повеќе да видиме, дали и колку се компатибилни интересите на државите-членки. 

5 централни конфликтни линии

Само зголемениот број и хетерогеноста не ветуваат ништо добро, и во суштина попрецизната анализа покажува дека постојат пет централни конфликтни линии односно дека има нови и кои по проширувањето делумно и сериозно се заостриле.

Богати наспроти сиромашни

Како прво тука е конфликтната линија помеѓу богатите и сиромашните земји. Оваа разделна линија не е нова, туку беше централен фактор уште од средината на 80-тите години. Конфликтите притоа течеа помеѓу релативно просперитетните земји, како на пример Германија и структруно слабите сиромашни земји, како Грција, Португалија и Шпанија, кои профитираат од структурните и кохезиски фондови на ЕУ.
Но, таа стана многу посериозна со проширувањето. Така државите, кои пристапија на 1 мај 2004, во просек треба да покажат бруто социјален производ по глава на жител, што одвај претставува половина од просекот на 15-ката на ЕУ! Кон тоа се придодава висока мера на разлики во споредба со новите држави-членки.
Затоа, сčвкупно гледано,  25-ката на ЕУ мора да се подели на три групи на држави: една врвна група, во која припаѓа мнозинството од 15-ката на ЕУ; една средна група со најсиромашните земји на 15-ката на ЕУ (Грција, Португалија, Шпанија) и најпросперитетните држави-пристапнички (Кипар, Словенија, Малта, Чешка, Унгарија) и на крај третата група на најсиромашни во која, меѓу другите, се вбројуваат Полска и трите балтички држави.
Овде не се очекуваат конфликти само помеѓу групата 1 од една страна и групите 2 и 3 од друга страна. Многу повеќе треба да се смета на јаки конфликти помеѓу групата 2 и 3, кога се работи за тоа да се утврдат механизмите и критериумите за распределба на финансиската помош.

Големи наспроти мали

Конфликтната линија „големи наспроти мали држави“ особено доаѓа до израз кај институционалните теми. Таа доаѓа од сč поголемиот број мали земји, кој одлучувачкиот систем што веќе беше насочен кон диспропорционалното земање предвид на малите држави, и понатаму го вади од рамнотежа.
Начелно може да се каже дека малите држави се погрижиле за тоа задолжително да обезбедат постојано седиште во Комисијата и на Комисијата да и придадат централна улога во процесот на одлучување. Големите, од своја страна, се залагаа за поголемо тежење на гласовите во Советот и појака концентрација на извршните овластувања на Европскиот совет.
Колку оваа разделна линија е сега зајакната, толку е и покомплицирана преку проширувањето. Со исклучок на Полска, кај десетте нови држави-членки се работи, имено, за мали и дури најмали земји!    
Последиците се покажаа веќе за време на дискусиите за Уставот, кај кои новите држави-членки во институционалните прашања во повеќето случаи се на страна на малите (15-ката на ЕУ) држави. Тоа со сигурност нема да придонесе да се зголеми способноста за дејствување на ЕУ, но од друга страна го зголемува интересот на поголемите држави-членки за потесна соработка во помалиот круг, како што може да се забележи.

[Почеток на страна]
 

Супранационална наспроти меѓународна соработка

Соочувањата меѓу оние држави, кои се стремат кон појака соработка во ЕУ, во правец на сојузна држава, и оние чии претстави упатуваат по можност во правец на широки рунди на пристапување, се толку стари како и самиот процес на интеграција. По претходните рунди на пристапување, како на пример онаа од 1973 (Обединетото Кралство и Данска) или 1995 (Шведска), бројот на последните е зголемен, овој тренд значително е зајакнат преку проширувањето од 2004.
Многу од новите држави членки се сомневаат во својот национален суверенитет, што со оглед на нивната историја не може да изненади. Однесувањето на Полска во дискусиите и усогласувањата за новот устав на ЕУ, донесен во јуни 2004, јасно го илустрира ова. 

„европјани“ наспроти „атлантичари“

 

И во конфликтот „Европјани наспроти атлантичари“ се работи за една конфликтна линија, која е толку стара колку и самата ЕЗ. Тој се одвива помеѓу оние, кои се на ставот дека ЕУ би морала да изгради независна надворешна и одбранбена политика и државите - како што е особено изразено кај Велика Британија - кои ја сметаат за потребна тесната соработка со САД и институциите во кои таа доминира. 
Тоа дека проширувањето ќе има влијанија и во каква форма, го покажа многу јасно војната во Ирак, во која повеќето земји од Средна и Источна Европа беа на страната на САД, а не беа за победа на антивоениот курс на Германија, Франција и други држави на ЕУ.

Нови наспроти стари држави-членки

Очигледна и, во нејзиното значење, не за потценување е за крај разделната линија меѓу старите и новите држави-членки. Таа ги разделува оние, кое се веќе запознаени со специјалните институции, „правилата на игра“ и процесите за пронаоѓање компромиси ŕ la ЕУ, од земјите, кои сč уште ги учат и истовремено мораат да ги интернализираат. Како пример овде може повторно да послужи однесувањето на Полска во првото усогласување за нацрт-уставот во 2003 година.
Ако ги набљудуваме заедно овие
конфликтни линии со претходно споменатите институционални правила, како изгледа нашата слика од сегашна состојба? Дозволете да фрлиме поглед на следната слика.


Последиците од
„Не“ врз процесот на интеграција -правила на одлучување и конфликтни линии во интеракција


Правилата на одлучување и конфликтните линии во интеракција

Нов фактор на влијание: ставовите на населението

Како што можете да видите, станува збор за една сосема поинаква, далеку потешка констелација отколку во годините пред Единствениот европски акт и проектот за внатрешен пазар. И тоа дотолку повеќе што на сликата воопшто не земаме предвид еден важен фактор, имено новото придодадено влијание на населението од државите-членки, што уште повеќе ги ограничува и онака тесните простори за маневрирање на преговарачките влади.
Ако фрлите поглед на оваа слика, на човека навистина може да му стане страв за натамошниот развој на ЕУ. Но, оваа слика не е целосна и има потреба од дополнувања. Постојат, како што знаеме од нашиот историски преглед, и фактори, кои дејствуваат и во насока на заеднички решенија. Дозволете ни да ја погледнеме следната слика.


Последиците од
„Не“ врз процесот на интеграција - други определувачки фактори

Други фактори

Надворешни фактори

Acquis

Како прво тоа се разновидните надворешни предизвици, кои бараат од Унијата заеднички одговори - кои таа меѓу другото во минатото секогаш ги давала.
Како второ, тоа е постоечкиот и важечки регулатор, кој во меѓувреме е зголемен на околу 80000 страни законски текстови, постоечките врски меѓу областите што резултираат од тоа и зголемените функционални притисоци, кои исто така притискаат во правец на заедничко решение.


 

Супранационални органи

И на крај, како трето, не само државите-членки и нивното застапување во склопот на Унијата, Советот како и Европскиот совет, на кои се ограничивме во претходните слики. Многу повеќе треба да се внимава на супранационалните институции, кои - и ова е сознание од нашето поминување низ развојот на процесот на интеграција - вешто ги користеа надворешните предизвици и функционалнита притисоци за и понатаму да ги спроведуваат супранационалните решенија и понатаму да ја развиваат ЕУ.

Заклучок

Во секој случај веројатноста дека таа може да го прави ова заедно со сите 25 и наскоро 27 држави-членки, е намалена од претходно споменатите причини. Поверојатни изгледаат флексибилните решенија, во кои не учествуваат сите во целосен обем, така, како што научивме со Шенген-режимот или од Монетарната унија.
Освен тоа, во случаите, во кои задолжително е неопходна едногласност - на пример кај реакциите на барањата за пристапување на други земји - реакциите се поконзервативни отколку досега. Тоа нема да се однесува толку на сигурниот пристап на Бугарија и Романија, туку на разговорите со Турција како и со државите од Балканот.

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон Биланс: За придонесот кон анализата на процесот на интеграција...


очеток на страна]

 

 

Нагоре

D@dalos почетна

Почетна

Графички преглед

Контакт

Š 1998-2011 D@dalos - политичко образование, Воспитување за демократија, Образование за човековите права, Педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.), Веб: Агора