Меѓународен УНЕСКО едукативен сервер за образование за демократија, мир и човекови права
 
  D@dalos почетна Почетна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

Човекови права / Примери / Демократија / Партии / Европска унија / ООН / Одржливост / Глобализација

     

 

Методи:

Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот  /// критика, коментари?

 

Европска унија

Анализа на процесот на интеграција (II) - Етапа 7

Од Конвентот до процесот на ратификација на Уставот

Конвентот како нов метод за изработка на ревизијата на Договорот

Интересно, во овој повторен обид за конечно да се решат проблемите што притискаат уште пред проширувањето, е посебниот пат, кој беше маркиран за тоа, имено повикување на конвент, кој требаше да изработи нацрт-устав. Додека, како што е познато од претходните делови, досега договорните промени исклучително заседаваа по и ги подготвуваа владите на државите-членки, ова требаше да се случи најпрво во поширока рамка, која опфаќаше како актери од ниво на Брисел така и од ниво на државите-членки. Деталите се прикажани на следната слика.

Позади тоа стоеше идејата да се избегне концентрацијата на национални интереси, која се појави природно на владините конференции и блокадите поврзани со тоа. Идеја, која веќе се потврди како одлична при изработката на Европската повелба за темелни права.
Покрај тоа, со оглед на зацртаните цели за повторната договорна ревизија, демократизација, намалување на бирократијата, блискост до граѓаните како и поедноставување на постоечкото право на ЕУ (формулирано во таканаречената изјава на Декларацијата од Лаекен за иднината на Европската унија) - се чини дека беше неопходно да се води поширока јавна дискусија. 
Освен тоа, а тоа сè појасно се покажа во годините од донесувањето на Договорот од Мастрихт, граѓаните и граѓанките во државите-членки очигледно беа сè помалку подготвени, едноставно само да ја земат до знаење политиката на ЕУ, без притоа да можат да соделуваат во неа.

[Почеток на страна]
 

Работа на конвентот

Под водство на поранешниот претседател на Франција, Гискард Дестаинг и двајцата вицепретседатели оваа конвенција стапија заедно за првпат на 1 март 2002 година и опфаќаше 15 претставници на шефови на држави и влади (значи по еден претставник од секоја држава-членка), 30 членови на националните парламенти (по 2 од секоја држава членка) 16 членови на Европскиот парламент и 2 претставници на Комисијата. Дополнително, на седниците на овој гремиум учествуваа набљудувачи, и тоа тројца претставници од економската и социјалната комисија, тројца претставници на европските социјални партнери, шест претставници на комисијата за регионите и европските граѓански делегати.
Вклучувањето во работата на гремиумите за одлучување на ЕУ се вршеше така што претседателот на конвентот на секоја седница на Европскиот совет презентираше устен извештај за состојбата на работењето, а на конвентот требаше му ги презентира и објасни реакциите на шефовите на државите и владите.

2002-2003: Седници на конвентот



Крај на 2003: Владина конференција

Во овој состав заседаваше конвентот од 28 февруари 2002 до 20 јуни 2003 и во овој период работеше на нацртот за европскиот устав.
На 4 октомври 2003, под претседателство на Италија започна владината конференција, која требаше да дебатира за овој нацрт и да го донесе до Самитот во Брисел на 13 декември 2003. И покрај големата надеж не се успеа да се постигне договор и тоа поради длабоките разлики во мислењата за составот на Комисијата и распределбата на гласовите кај одлуките со квалификувано мнозинство. Можеби ќе се сетите на жустрата караница помеѓу Шпанија и Полска од една страна и другите земји, особено Германија и Франција од друга страна. За што конкретно се работеше притоа? Би сакал да Ви го прикажам тоа накратко со помош слика, која Ви е позната уште од испитувањето во претходната 6, етапа.

Националните интереси како централен определувачки фактор

Едноставно кликнете на линк, потоа ќе се отвори нов прозорец; набљудувајте ја сликата и затворете го прозорецот за повторно да се вратите овде.
Се работеше за нееднаквиот, во споредба со нивната минимална големина на население, превисок број на гласови, кои Полска и Шпанија не сакаа да ги предадат. По однос на Комисијата се работеше за тоа, кој, по пристапувањето на Бугарија и Романија, доколку треба да има помалку комесари отколку земји, и во растојанија би смеел да постави комесар.



Значи, едноставно се работеше и се работи за еден од централните фактори на влијание, со кој впрочем повторно ќе се сретнеме при нашето истражување на проширувањето во Основниот курс 5: Национални интереси. Желбата да се располага со што е можно повеќе влијанието во структурата на ЕУ, односно стравувањето да не се загуби влијание. Фактор што има негативен ефект во случај кога присилни функционални причини го прават неопходно супранационално решение и предавањето на надлежности, а одделните национални држави не се во состојба за тоа.

[Почеток на страна]
 

Октомври 2004: Потпишување на  Договорот за устав

 

 

На почетокот на јануари ирското претседателство направи нов обид за успешно завршување на преговорите до јуни 2004. Само за потсетување: на 1 мај 2004 би дошло до големото проширување за 10 нови држави-членки, а централното дело, уставот, сè уште не беше завршен.
По исклучително тешки дебати, на 18 јуни 2004 конечно се постигна договор. Свеченото потпишување од страна на шефовите на држави и влади како и нивните министри за надворешни работи се одржа на крајот од октомври во истата сала, во која пред точно 50 години беа потпишани договорите за основање на ЕЕЗ. Не би сакал да сокријам една таква слика од Вас.



Кандидатите за пристапување Бугарија, Романија и Турција го потпишаа само завршниот акт. Хрватска учествуваше само како набљудувач, бидејќи не учествуваше во работата за уставот.

[Почеток на страна]
 

Ноември 2004: Започнување на мандатот на Баросо-комисијата

Кон ова се придодаде и малку одложеното започнување на мандатот на комисијата предводена од Баросо во ноември 2004, со што во сила влегоа и институционалните регулативи предвидени за Унијата со 25-те односно 27-те. Овде спаѓаат, меѓу другото, и промените во тежината на гласовите во Советот на министри и фактот дека отсега секоја земја поставува само еден комесар.

Процес за ратификација за Договорот за устав

Во ноември 2004 започна и процесот на донесување на уставот од страна на 25 држави-членки, во поголем дел преку парламентарна постапка, но дел и преку референдуми. Почетокот го означи Литванија (парламент) веќе во средината на ноември 2004, потоа следуваа Унгарија (парламент, 20 декември 2004), Словенија (парламент, 01.02.2005), Италија (парламент,06.05.2005), Грција (парламент, 19.04.2005), Словачка (парламент, 11.05.2005), Шпанија - првата земја со референдум - (76,73%: да;17,24: не; учество на избори = 42,32%; потврдено од страна на парламентот на 19.05.2005) и Австрија (парламент, 25.05.2005) како и Германија (парламент, 27.05.2005).



Но, потоа следуваа два ниски удари едноподруго за проектот „Европски устав“, кои предизвикаа, уставот да не може повеќе да се реализира во постојната форма. Од една страна референдумот во Франција на 29 мај 2005 година, во кој беше одбиен Договорот за устав со јасно мнозинство од 54,87% (против) наспроти 45,13% (за) при забележливо учество во гласањето од 69,74%. А само неколку дена подоцна, референдумот во Холандија, на кој гласаа дури 61,8% против и само 38,2% за. И тоа во две членки-основачи на ЕЕЗ!
Со тоа избирачите им сигнализираа на своите влади јасно „стоп“; дека на ЕУ повеќе не и се дозволува да постапува така и понатаму и едноставно да го пречекорува дневниот ред. И јасното „за“ на референдумот, одржан на 10 јули 2005 во Луксембург, не смени ништо.
Така ни се поставуваат две прашања. Како прво, прашањето за причините за ова одбивање; и како второ, прашањето за последиците. Тоа ќе биде одговорено во анализата во следната 8 етапа. 

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон Етапа 8: Причини и влијанија од „Не“ во Франција и во Холандија ...


[Почеток на страна]

 

 

Нагоре

D@dalos почетна

Почетна

Графички преглед

Контакт

© 1998-2011 D@dalos - политичко образование, Воспитување за демократија, Образование за човековите права, Педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.), Веб: Агора