Теми на владината конференција 2000 |
Одлуката за
повикување на владината конференција
падна уште на почетокот на јуни 1999 година, значи само околу еден месец по
влегувањето во сила на Договорот од Амстердам, по повод
седницата на Европскиот совет во Келн. Тоа значи повторно се зајакна динамиката на
развојот. Конференцијата требаше да се
одржи според изјавената желба на шефовите
на држави и влади во 2000
година и да се занимава со прашањата, кои не можеа да бидат
решени во Амстердам,
или подетално:
 |
големината и составот на
Комисијата; |
 |
тежењето на гласовите во Советот; |
 |
можно проширување на одлуките со
квалификувано мнозинство и конечно |
 |
останати прашања по однос на оние промени
во Договорот, кои
произлегоа од таканаречените
left-overs или од имплементирањето на Договорот од
Амстердам. |
 | Кон ова
кон средината на годината како друга тематика се придодаде и
зајакнатата соработка, значи можностите на интеграција во
степени. |
|
Контекст на владината конференција |
Како изгледаат
резултатите на владината конференција, како изгледаат централните
одредби на Договорот од Ница, кои промени ги носи тој со себе? Тоа
сакаме да го разгледаме поошпирно, бидејќи Договорот од Ница е важечката
правна основа на ЕУ.
Како што
видовме од
основен
курс 5,
преговорите на владината конференција се водеа,
имајќи ги во позадина тековните преговори за пристапување со вкупно дванаесет држави и
со цел, преку институционални
промени да обезбеди дека и Унијата
со речиси двојно поголем број на членки би останала
функционална.
Притоа се работеше, пред с่, за петте точки набројани
погоре. |
|
Одредбите на Договорот од Ница
Состав на
Комисијата |
Што се
однесува до големината и составот на
Комисијата,
Договорот
предвидува секоја држава-членка
од 2005 година да постави само уште еден член во Комисијата. Со
пристапувањето на 27-та држава-членка (Бугарија и Романија)
се ограничува бројот на комесари
(тој мора да биде под 27). За обезбедување на ист
третман на сите држави-членки треба да се воведе ротациски
систем.

[Почеток на страна]
|
Тежење на гласовите во Советот и квалификувано
мнозинство
|
Што се однесува
до двете тесно поврзани прашања на
тежењето
на гласовите во
Советот и проширувањето на одлуките со
квалификувано мнозинство, Договорот предвидува кај околу 30
договорни одредби да се замени принципот на едногласност
преку донесување одлука со апсолутно мнозинство, при што
остануваат
поштедени централните области.
Понатаму од 22.11.2004,
од започнувањето на мандатот на Баросо-комисијата
(види Етапа 7) гласовите во Советот одново ќе се одмерат.
Квалификуваното мнозинство е постигнато:
 | кога одлуката
добива одреден број гласови, при што овој број на гласови одново се
проверува по секое пристапување, |
 | доколку
мнозинството на државите-членки се согласуваат со одлуката и
|
 | доколку ова
мнозинство изнесува најмалку 62 проценти од вкупното население (се
проверува по барање на
некоја држава-членка). |

|
Left-overs од Договорот од Амстердам |
За Европскиот парламент во
Договорот од Ница
извршена е нова распределба на
местата, која барем релативно ги
ублажува нерамнотежите во
репрезентативноста на пратениците од
одделните земји,
од друга страна со поглед на
функционалноста на
Парламентот го ограничува бројот на пратениците на
максимум 732

[Почеток на страна]
|
Зајакната соработка |
Конечно доаѓаме до последната од петте точки од Ница, таканаречената
зајакната соработка. Резултатите можат да се резимираат
на следниот начин. Препреките за зајакната
соработка во иднина ќе бидат значително помали, што без сомнеж може
да придонесе за
заобиколување на постоечките блокади во
одделни полиња. Тоа што нема да биде можно, е нејзината
употреба
како инструмент за продлабочување за отворање на нови политички
полиња. Кон тоа, ограничувањата, на кои тие остануваат потчинети, за сите
три столба и понатаму се
ригидни. |
|
Оценување на Договорот од Ница |
Толку за прегледот на новитетите поврзани со
Ница. Како можат да се подредат и евалуираат резултатите од
Ница во рамките на развојот на ЕУ набљудуван досега од нас?
Овде мора да се дојде до заклучок дека површно и формално
гледано се успеало во тоа да се создададат предуслови за
воведување на процесот за проширување. При детално
погледување с่ повеќе се покажува
дека со и преку Ница иднината на Унијата повеќе се
оптоварува. |
|
Структурална хипотека:
Одлуките се отежнати со
квалификувано мнозинство |
Тоа е во врска со тоа што во мера како никогаш досега,
се појавија линии на конфликт
помеѓу државите-членки и
постоеше ценкање за националните интереси на начин што е исто
така без пример. Тоа имаше климатски значајни
влијанија, но
препознатливо се покажа и во резултатите од Ница, кои ја
оптоваруваат иднината на ЕУ со структурална хипотека. На пример, помислете на одлуките за
Комисијата,
кои се наоѓаат значително зад регулативите од Амстердам, или
отежнувањето на одлуките со
квалификуваното мнозинство. |
Без предуслови за проширување |
Тоа значи и дека,
по мое мислење,
и вистинскиот
суд
на повеќето набљудувачи, во никој случај не
беа создадени доволни
институционални и процедурални предуслови за претстоечкото
проширување. |
Проширена моќта за спречување на
државите-членки |
С่ на с่, треба да
се добие впечаток дека Ница
не била искористена за тоа да ја
подобри способноста на ЕУ за
дејствување и одлучување, односно да
се комплетира силата за спречување на
одделните држави-членки. Тоа е, без сомнеж, една значајна констатација за нашите
главни прашања
за одредувачките фактори и мострите за
развој во процесот за интеграција. |
Последица: Повторен обид да се решат
проблемите пред проширување |
Овие дефицити беа
толку очигледни
што практично
веднаш (!) по Ница се одлучи да се
преземе нов обид
за решавање на проблемите што притискаат уште пред
можното проширување
со земјите од
Средна и Источна Европа (СЕИ).
Повеќе за тоа во следната анализа
во Етапа 7. |