|
ЕФТА-проширувањето и спроведување на
одлуките од Мастрихт |
Покрај
повторното проширување на составот на членките
со Финска, Австрија и Шведска на 1 јануари 1995 година, во
Норвешка населението на референдум
од ноември 1994 со
околу 52 проценти од гласовите се одлучи против пристапување;
внатрешниот развој на Унијата во оваа фаза
се карактеризираше, пред сè,
со односот со новите инструменти, создадени преку Договорот
од Мастрихт, и спроведувањето на таму донесените одлуки како и
со подготовката на
повторната владина конференција закажана
за 1996, за која остана само две години време.
|
Подготовка
на повторната владина
конференција |
Веќе во јуни 1994 година, значи само половина
година по влегувањето во сила на Договорот од Мастрихт, беше
ангажирана таканаречена рефлексивна
група за подготовка на владината конференција од 1996. Врз основа на нејзиниот извештај, Европскиот совет во март 1996
година ја утврди работната програма за конференцијата. |
|
Договорот од Амстердам |
Процесот на реформи со рефлексивната група и
владината конференција се
влеа во Договорот од Амстердам
како трета голема договорна ревизија,
по Единствениот европски акт и Договорот од Мастрихт.
Тој беше потпишан во 1997 и влезе во сила на 1 мај 1999. Започнувајќи со столбот на ЕЗ, би сакал да ги
резимирам суштинските новитети одделно,
поделени според трите столба. |
Новитети во столбот на ЕЗ |
Планираното
проширување на одлучувачкиот модус на квалификуваното мнозинство
не можеше да се реализира во многубројни политички полиња.
Наспроти тоа, за изненадување на Европскиот парламент, во многу
области важеше постапката на соодлучување, како на пример во
политиката на вработување, во сообраќајната и развојната
политика.
Одлучувачко
во нашиот контекст е дека не беше
можна согласност за централните и сложените институционални
прашања, составувањето на Европската комисија, и „тежењето на
гласовите“ во
Советот. Тука станува збор
за една многу
важна точка, која
го карактеризираше целокупниот натамошен развој.

[Почеток на страна]
|
Новитети во третиот столб |
Резултатите за третиот столб во преглед изгледаат
на следниот начин: во правото на
Заедницата беа преземени
деловите, кои непосредно го допираат внатрешниот пазар. Пред да
прејдеме кон
вториот столб,
ЗНБП, би сакал дополнително да споменам
уште две други важни одлуки, кои се наоѓаат надвор од
систематиката на трите столба. |
Интеграција во степени |
Како
прво, одлуката дека
на одделните држави-членки треба да
им е можна потесна соработка, без
во неа да учествуваат сите. Според
компромисот од Амстердам,
со мнозинство требало да се донесе
одлука за тоа дали е дозволена една таква соработка. Притоа се работи, ако
може така да се каже, за отворањето на опцијата на
интеграција во степени,
но со големи препреки: мора да
учествува мнозинство на државите-членки,
мора да учествуваат институциите на ЕУ и функционалноста на ЕУ не смее да биде загрозена
на тој начин. |
Пакт за стабилност и вработување |
Како второ, пактот за стабилност и вработување. Овде е донесена
постапка, која започнува со биланс на состојбата во
државите-членки. Советот на министри годишно утврдува правила,
на кои треба да се придржуваат владите. Секоја држава-членка
еднаш годишно дава извештај до Брисел; Советот ги проверува овие
извештаи и како следно може - со квалификувано мнозинство - да упатува препораки
до одделните влади. |
Заедничка надворешна и безбедносна политика (2
столб) |
Кај
ЗНБП се појавува една
многу амбивалентна слика. Од една страна,
се преземаа модификации
кај одлучувачкиот модус - особено се
отворија и утврдија можности за
мнозински одлуки,
воздржуваноста при гласање на
одделни земји не ги
спречуваше одлуките
како досега, од друга страна, пак, на секоја
одделна држава-членка и се
дава правото на вето.
Капацитетите за една предвидлива надворешна политика
треба да се подобрат со организирање на една, таканаречена,
единица за стратешко
планирање и рано предупредување, која
се состои од претставници на
Советот, Комисијата и
ЗЕУ, како и
воопшто соработката со
ЗЕУ. Но, не можеше да се
постигне договор околу целосната
интеграција на оваа организација во ЕУ, една опција која веќе
долго време
беше предмет на дискусија. |
Евалуација на Договорот од Амстердам |
Евалуацијата на Договорот од Амстердам
произлегува како дволична. Тоа може да се препознае од напорите
да се положи сметка за дефицитите што станаа јасни при
спроведувањето на одлуките од Мастрихт. Тоа може да се прочита
и од работната
програма, која ја предложи рефлексивната група во својот
извештај до Европскиот совет. Ова
фактички и успеа делумно, при што, и покрај сите предвидени
преодни рокови и задршки во договорниот текст, треба да се
истакнат напредоците во соработката во сферата на правдата и
внатрешните работи. |
Подготовката за проширувањето на
Исток без успех |
Од друга страна не може, а да не се
забележи дека Договорот
од Амстердам не исполни една од своите главни цели, подготовката на
ЕУ за проширувањето на Исток. Не беа прилагодени ниту
„тежењето на гласовите“ во
Советот, што беше од централна
важност во поглед кон
проширувањето, ниту
беше прилагоден составот и начинот на работа на
Комисијата, а
не можеше да се оствари ниту итно неопходното проширување на
одлуките со квалификувано мнозинство во Советот со
оглед на сè поголемиот број на
потенцијални членки. Со тоа,
според многу критичари, Договорот од Амстердам не
му беше „дораснат“ на огромниот
притисок од проблеми и загуби уште една можност за одржливо
продлабочување на интеграцијата, што беше уште потешко
бидејќи требаше да не ја „промаши“ историската можност за создавање на
целосна Европа
што се овозможи по епохалните промени од 1989/90. |
сè побрза промена |
На крај останува да се
констатира дека ЕУ, од
донесувањето на ЕЕА,
очигледно влезе во сè побрз и
поинтензивен
процес на дискусија за
своите „правила на
игра“ и за своето прилагодување
кон променетите внатрешни и
особено надворешни рамковни услови. Додека од ЕЕА до
започнувањето на дискусијата за повторна
измена
на договорот, која се
влеа во Договорот од Мастрихт,
сепак помина краток период, со
влегување во сила на
Договорот од Мастрихт
веќе започна дебатата за натамошни неопходни
прилагодувања и
измени на договорните основи,
што потоа се
влеа во Договорот од Амстердам. |