Биланс
Нагоре Етапа 5 Етапа 6 Етапа 7 Етапа 8 Биланс

 


 

Европска унија

Анализа на процесот на интеграција (II) - Биланс

За придонесот кон анализата на процесот на интеграција

Дали е можна анализа и прогнози во секој временски период?

На оваа страна ги сумираме сознанијата од прегледот за речиси 60 години процес на интеграција. Притоа на преден план се наоѓа прашањето: Како понатаму? Дали занимавањето со развојот на ЕУ во целосен преглед пренесува сознанија и увидувања, кои би можеле да помогнат за да се одговори донекаде основано на ова прашање?
Јас лично сум убеден дека ние во принцип научивме многу и историскиот преглед ориентиран на прашања ни го даде инструметариумот за да можеме темелно да ја испитуваме ЕУ во секој момент и за да можеме да даваме и внимателни прогнози за нејзиниот натамошен развој. Дозволете ми да го покажам тоа на следнава слика. Горе десно уште еднаш се наведени централните прашања, кои си ги поставуваме во врска со ЕУ (1).
 

Растер за објаснување на развојот на ЕУ

Одговорите можат да се изведат од конкретната констелација на, од нас, идентификуваните определувачки фактори (2), чија конкретна констелација ги одредува обележјата на ЕУ во даден временски период (3). Доколку Вие на пример би го промениле факторот „правила на одлучување“, со што континуирано би воведувале одлуки со квалификувано мнозинство, тогаш ЕУ би се менувала повеќе во насока кон супранационалност, би се приближила повеќе до состојбата што ни е позната од националните држави.

[Почеток на страна]
 

Примена (1): ЕЕА и внатрешен пазар

Дозволете ни да ја тестираме вредноста на објаснувањето на овој модел, при што ќе претставиме две различни фази во развојот на ЕУ, и тоа времето пред ЕЕА - време на подем и динамика по долга стагнација, и сегашната ситуација, во која се чини дека не се може понатаму. Дали тоа може да се објасни со (различната) констелација на детерминантите?

Да ја погледнеме најпрво ситуацијата пред ЕЕА и внатрешниот пазар. Овде е сосема очигледно дека во поглед на нашите определувачки фактори имало одлична ситуација (+). Само модусот на одлучување на едногласност, кој произлегува од компромисот во Луксембург, се покажа како негативен, сосема отежнувачки фактор (-).


 

[Почеток на страна]
 

Примена (2):

Ситуација во 2005 по референдумите

Речиси обратна се покажува ситуацијата во 2005 година по однос на блокирачките (-) и поволните (+) фактори на влијание. Само, како и дотогаш, исклучително изразените функционални притисоци и надворешни предизвици вршат и понатаму голем притисок во насока на прилагодување на институциите и правилата на игра.


 

Заклучок

Така стигнавме на крајот од минувањето низ историјата на ЕУ и обидите за објаснување на развојот на интеграцијата. Се надевам дека со моделот, кој беше применет како пример, можев да Ви дадам инструментариум, кој ќе Ви помогне не само да го објаснувате и разбирате минатото, туку и да можете подобро да ги толкувате и разберете актуелните и идните развои.
Во следниот основен курс (4) треба да се анализира комплексниот институционален склоп, кој се создаде со текот на времето како резултат на испитуваните процеси.

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон Основен курс 4: Институции на системот на ЕУ со повеќе нивоа...


[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.