|
Анализа на
процесот на интеграција (I) - Меѓубиланс
Одредувачки фактори и развојни мостри на процесот на интеграција
|
Енормно
ширење на полињата на активности на ЕЗ
|
По
набљудувањето на првите четири етапи може да се резимира една сосем
неединствена, па дури и збунувачка слика: така од една страна
во Унијата може да се констатира енормно проширување на полињата
на активности на ЕЗ. Како што е прикажано на сликата, речиси и
да не постои област, а таа да не е активна на некаков начин. Со
Монетарната унија се зафаќа една идеја, која навлегува длабоко
во сржта на националниот суверенитет, и тоа во размери како
никогаш досега.
 |
|
Доминација на меѓудржавната соработка во 2 и 3 столб |
Наспроти
оваа силно изразена супранационализација во ЕЗ-столбот стои
доминација на меѓудржавната соработка во другите два столба како и
фактот што во одделни полиња во соработката повеќе не учествуваат сите
држави-членки, значи имаме работа со интеграција на нивоа.
Имајќи
го ова предвид, можеби мошне брзо би можеле да бидат неопходно промени,
антиципираа и авторите на договорот, и во членот N, став 2 ја зедоа
одредбата дека во 1996 треба повторно да се повика владина конференција
за да се испитаат одредени регулативи од договорот. |
|
Меѓубиланс |
Со ова
стигнавме на крајот од основен курс 2, првиот дел од нашето занимавање
со историјатот на ЕУ. Време е за краток меѓубиланс по однос на
централните главни прашања. За потсетување: си земавме за задача, да
обрнеме внимание на тоа кои основни прашања се поставуваат во контекст
на историјатот на процесот на интеграција, да испитаме, дали можат да се
препознаат очигледни одредувачки фактори на овој процес — блокади, но и
водечки сили, и кои заклучоци произлегуваат оттаму по однос на
проценката на ЕУ и нејзиниот натамошен развој.
[Почеток
на страна]
|
|
Прашања
Зошто
развивање од секторски ограничена кон опширна соработка? |
Едно од
тие основни прашања, кои ни се поставуваат, па дури и кое се
наметнува со сигурност е: како можело, и покрај сите, делумно и
масивни отпори, да дојде до еден таков импресивен развој од
секторски ограничена кон опширна соработка. Во ЕЗЈЧ само еден сектор
беше „озаедничен“-јаглен и челик. Во ЕЕЗ постојат и само мал број
навистина „озаедничени“ области, како што е особено случај со царинската
унија и заедничкиот пазар, надворешната и аграрната политика. Со EEA
дојде до значително проширување на заедничките полиња на дејствување
(политика на животна средина, политика на истражување, технолошка
политика итн.). Од влегувањето во сила на Договорот за
Унијата, на
некаков начин во соработката се вклучени практично сите полиња. |
|
Зошто
различно обликување на соработката во различни области? |
Оваа
констатација веднаш нč
води до второто прашање: Зошто соработката во овие области
била, всушност, толку различно обликувана и организирана?
Постојат области, особено како што е заедничката надворешна и
безбедносна политика (ЗНБП) и соработката во сферата на правдата и
внатрешната политика, кои државите-членки свесно ја одделуваат од ЕЗ, во
кои се одлучува едногласно и каде доминираат традиционални форми на
меѓудржавната соработка. Па дури и во ЕЗ-столбот можат да се набљудуваат
бројни разлики меѓу политичките полиња, како на пример во врска со
важечките постапки за одлучување (едногласност наспроти квалификувано
мнозинство, или занемарливи до централни, со постапка за соодлучување,
можности за влијаење
на Европскиот парламент).
Опфатено поапстрактно: упадлива и со потреба од објаснување е
коегзистенцијата на супранационалните и меѓудржавните елементи:
помислете на Луксембуршкиот компромис, кој ја зајакна улогата на
државите-членки и на меѓудржавниот елемент, и истовременото
конституционализирање на договорите од страна на Европскиот суд, кој
доведе до супранационализација. Или помислете на веќе споменатите три
столба во Договорот за
Унијата, кои можат да важат како пример за оваа
блискост на супранационалните и меѓувладините елементи. |
|
Детерминанти |
Се
разбира дека во рамките на еден меѓубиланс, во кои предвид не се земаат
цели десет години на енормно динамички развој, со кој ќе се занимаваме
во претстојниот основен курс 3, нема да биде можно, да се изразиме
систематски и конечно по однос на одредувачките фактори на процесот
на интеграција. Но, при нашиот преглед низ цели четири децении
процес на интеграција препознатливи станаа фактори, кои сосем очигледно
можат да придонесат во одговорањето на некои од преходно поставените
основни прашања. Дозволете ми, како пример, да укажам на барем две такви
поврзаности. |
|
Spill-over |
Се
запрашавме, зошто дојде до ова енормно проширување на соработката во сč
повеќе полиња. И тука се чини дека, меѓу другото, важна улога одиграл
фактот што соработката во едно политичко поле создава функционални
притисоци, за вклучување и на други политички полиња во оваа
соработка. Овој феномен, кој во истражувањето на интеграциите честопати
се означува со
„Spill-over“, се покажа особено јасен во програмата за внатрешниот
пазар, кој во суштина имаше огромни последици за монетарната политика во
областите правда и внатрешни работи. Впрочем, токму така постојано
аргументираше и Комисијата и успеа да ги убеди државите-членки
да го стават на прав пат амбициозниот проект за една монетарна унија.
[Почеток
на страна]
|
|
Различни
претстави за обликувањето на соработката |
Вториот
пример претставува прашањето за специфичната коегзистенција, која е
очигледно одбивна кон ефективно дејствување, на супранационални и
меѓувладини елементи во надворешните односи, каде што надворешната
трговска политика се наоѓа во надлежност на државата, значи е
организирана супранационално,
наспроти што традиционалната надворешна и безбедносна политика се одвива
во рамките на меѓувладиниот втор столб.
Би можел ли тука да биде од значење еден фактор, со кој постојано се
соочуваме, особено во контекст на преговорите за договорни промени,
имено различните претстави на државите-членки за обликување на
соработката во принцип
—
помислете само на земји како Велика Британија или Данска од една страна
и Италија и Германија од друга страна
—
и во
бројните политички полиња и одделни прашања?
Тогаш, имено, на функционалните притисоци, за кои веќе разговаравме,
навистина би можело да се реагира на најмалиот заеднички именител и со
текот на времето, по сила на приликите може да се појави една таква
шаренолика мостра на форми на соработка и модуси на одлучување, како што
констатиравме според Договорот од Мастрихт за новоформираната Европска
унија.
И
одредени работи говорат за тоа дека при овој процес навистина би можело
да се работи за една карактеристична развојна мостра на процесот на
интеграција. |
|
Резиме Основен курс 2 |
Толку по
однос на овој краток, по сила на приликите егземпларен и во вид на
хајлајт подготвен меѓубиланс, кој требаше да покаже, колку интересно и
со потенцијал за добивка може да биде едно аналитички водено соочување
со развојот на процесот на интеграција. Овој меѓубиланс, покрај
пренесувањето на потребните информации, треба да стои и во центарот на
следниот основен курс (3), во кој сакаме поблиску да го погледнеме
периодот од 1993 до 2005 година, значи развојот по влегувањето во сила
на Договорот од Мастрихт. Но, за крај дозволете ни да дадеме еден
резимиран преглед на нашите досегашни сознанија.
 |
[Автор: Проф.
Др.
Волфганг Шуман]
[Почеток
на страна]
|