Преглед
Нагоре Преглед Етапа 1 Етапа 2 Етапа 3 Етапа 4 Меѓубиланс

 


 

Европска унија

Анализа на процесот на интеграција (I): Преглед

Процесот на интеграција 1951-2005 во целосен преглед – развојни линии и прашања

Така дојдовме до најавениот краток преглед на цели 60 години процес на интеграција, од ЕЗЈЧ во 1951 до неуспешните референдуми во Франција и Холандија на средината од 2005. Сликите треба да Ви го прикажат тоа што Ве очекува и истовремено да Ви бидат водич низ основните курсеви 2 и 3.


Сакаме, пред сè, да се задржиме на два аспекта, имено на развојот на основите на Договорот, кои претставуваа основа за постојано проширување на обемите на задачите на ЕУ. Тука станува збор за прашањето: „Како дојде до тоа?“, бидејќи, како што знаеме, националните држави не така лесно и пријателски ги испуштаат надлежностите од свои раце. А и во поглед на проширувањето на бројот на членки ќе треба особено да се разјасни, пред сè, во основен курс 5, кои мотиви беа одговорни за ЕУ од една страна и за земјите-кандидати од друга страна, за да се одлучат за приклучување во ЕУ.

Првата слика, која го покрива периодот од формирањето на ЕЗЈЧ во 1951 со Договорот од Амстердам во 1999, покажува дека до големи промени доаѓало дури по изминување на подолг временски период. Така, на пример, од формирањето на ЕЕЗ до првата поголема ревизија на Договорот, Единствениот европски акт во 1987, поминаа 20 години. Но, со почетокот на 90-тите се чини дека дојде до забрзување.
 

[Почеток на страна]

По влегувањето во сила на Договорот од Ница од 2003, односно само кратко потоа беше изготвен Нацрт-уставот на Европскиот конвент, кој предвидуваше друга темелна промена. Значи, развојот уште еднаш добива на динамика! Освен тоа, во овој период се случува и замената на националните валути со еврото во 12-те држави-членки на монетарната унија, што е од огромен симболичен карактер, како и одлуката од темелен карактер за пристапување на десет други држави до 1 мај 2004.


Третата слика води во 2004. Во ова време се случува пристапувањето на 10 земји од Средна и Источна Европа како и Малта и Кипар, што значајно ја промени ЕУ и што и понатаму ќе ја променува. Аспект, за кој опширно ќе се дискутира на крајот од основен курс 3 како и во  основен курс 5.


 

[Почеток на страна]

Како што може да се види од сликата, во јуни 2004 за првпат се одржаа директни избори за ЕП, вклучувајќи ги и новите десет земји, а кратко потоа преговорите за пристапување со Бугарија веќе завршија, додека со Романија беа речиси завршени. Освен тоа, ЕУ одлучи, во 2005 да ги започне преговорите за членство со Хрватска и Турција.

Исто така во октомври се случи свеченото потпишување на новиот Устав на историското место во Рим, каде во 1957 беа потпишани договорите за ЕЕЗ. Уставот мораше да биде донесен во сите земји-членки и тоа или од парламентот и/или од народот преку референдум и на тој начин имаше пред себе една извонредно голема пречка.

Конечно во ноември новата комисија под водство на Баросо го презеде мандатот и, во контекст на ова, во сила влегоа и институционалните промени од Договорот од Ница, кои меѓу другото предвидуваат намалување на Комисијата и едно ново „тежење“ на гласовите.

Сè на сè, оттаму произлегува впечатокот за една енормна динамика на процесот на европска интеграција, пред сè ако се набљудува развојот во првите две децении во споредба со тоа дека од една промена на договор до друга поминале цели 20 години!

Тоа се менува со еден удар со годината 2005, која се карактеризира со два, тесно поврзани, развои: како прво привремениот неуспех на уставниот процес со „Не“ за уставниот договор во Франција и Холандија. Тоа доведе до криза, до привремена стагнација. Тоа конкретно значи дека ЕУ во моментов мора да живее со една институционална рамка - одредбите од Договорот од Ница, кој не е доволен за една унија со 25 до 27 држави. Што значи тоа се покажа низ примерот на толку многу важните преговори за финансирањето на периодот 2007-2013 од средината на 2005 година, каде не се успеа да се постигне договор.


Но, по неуспешните референдуми се зголеми и скепсата кон продолжување на процесот на проширување. Предупредувањата од страна на ЕУ кон Бугарија и Романија, дека би можело да дојде до одложување на нивното пристапување, станаа сè погласни. Дури и планирниот почеток на преговорите со Турција за октомври беше доведен во прашање до последен момент со оглед на најострите конфликти во Унијата, но на крајот сепак дојде до тоа, заедно со почетокот на разговорите со Хрватска.

ЕУ, значи, очигледно повторно се наоѓа во криза. Дотолку повеќе се поставува прашањето, како таа постапувала во изминатите кризи, бидејќи нивната анализа би можела да даде упатства во смисла на зависностите опишани на почетокот од основен курс 2 за можниот натамошен развој.

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон Етапа 1: Од крајот на Втората светска војна до Европската заедница за јаглен и челик ...

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.