Основ. курс 2
Нагоре Основ. курс 2 Основ. курс 3 Основ. курс 4 Основ. курс 5

 

Преглед
Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Меѓубиланс


 

Европска Унија

Основен курс 2: Анализа на процесот на интеграција (I): Од Европската заедница за јаглен и челик до Договорот од Мастрихт

Цели и главни прашања

Долгорочна перспектива како предуслов за разбира-њето на ЕУ

Фактот што два од петте основни курса (основен курс 2 и 3) од тематскиот комплекс се занимаваат со развојот на ЕУ, а кај два други (основен курс 4 и, пред сè, основен курс 5 за проширувањето) долгорочната временска перспектива игра значајна улога, би можело да доведе до заклучок дека авторот се води од еден посебен историски интерес, што некому му дава повод за стравување дека би недоставувало актуелност. Таквиот впечаток е погрешен.
Во центарот на целиот тематски комплекс стои интересот за пренесување на едно основно, самостојно разбирање на ЕУ што помага не само во разбирањето на тука прикажаниот развој до октомври 2005, туку и во тоа, да можеме да ги класифицираме и оценуваме идните случувања. Но, централен предуслов за стекнување на едно такво самостојно разбирање кај една постојано променлива ЕУ е долгорочната перспектива, бидејќи само преку неа можат да се препознаат суштинските детерминанти, кои помагаат во објаснувањето на напредоците и кризите од минатото како и во оние на сегашноста и на иднината. Затоа и насловот за основните курсеви 2 и 3 сосем намерно не гласи „Историјат на ЕУ“, туку „Анализа на процесот на интеграција“.

Главни прашања за анализата

Секоја анализа започнува со идентификувањето на основните прашања, кои се поставуваат во контекст на процесот на интеграција. Кои се таквите основни прашања по однос на развојот на ЕУ? Несомнено, посебно прашањето за тоа како е можно националните држави, коишто само пред неколку децении водеа војни едни против други, најтесно да соработуваат на практично сите полиња, па дури и да воведат една заедничка валута! Ова треба да не придружува како главно прашање.

Прилози кон основните курсеви 2 и 3

Како да се постигнат овие цели? Така што при прегледот на цели 55 години процес на интеграција нема да се ограничам само на репродуцирање на факти и случувања, туку така што постојано ќе Ви обрнувам внимание на суштински прашања и можни одговори во смисла на причинско-последични поврзаности. Освен тоа, покрај аналитичкото составување на засебните етапи направив посебни делови во основен курс 2 и 3, кои, надвор од хронологијата, на посебен начин се посветени на анализата на одредувачките фактори.
Тука, како прво, спаѓа прегледот на целокупниот развој во вид на четири слики (Преглед). Тој треба да обрне внимание на неколку важни прашања. Како второ, тука спаѓа меѓу-билансот на крајот на основен курс 2 и, како трето, еден обемен завршен дел во основен курс 3, во кој се подлабоко анализирани позадините и последиците од „Не“ на референдумите во Франција и Холандија кон средината на 2005. Така се доаѓа до следната структура за основните курсеви 2 и 3:

[Почеток на страна]


Структура на основните курсеви 2 и 3:

Основен курс 2: Анализа на процесот на интеграција (I) — од ЕЗЈЧ до Договорот од Мастрихт

bullet Преглед: Процесот на интеграција 1951-2005 во целосен преглед – развојни линии и прашања
bullet Етапа 1: од крајот на Втората светска војна до Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ)
bullet Етапа 2: Од ЕЗЈЧ до формирањето на Европската економска заедница (ЕЕЗ)
bullet Етапа 3: од ЕЕЗ до Единствениот европски акт (EEA)
bullet Етапа 4: од EEA до формирањето на Европската унија
bullet Меѓубиланс: одредувачки фактори и развојни мостри на процесот на интеграција

Основен курс 3: Анализа на процесот на интеграција (II) – Од Договорот од Амстердам до реферндумите во Франција и Холандија

bullet Етапа 5: од Договорот од Мастрихт до Договорот од Амстердам
bullet Етапа 6: Договорот од Ница
bullet Етапа 7: Од Конвентот до процесот на ратификација на Уставот
bullet Етапа 8: Причини и последици од „Не“ во Франција и Холандија
bullet Биланс: За добивката од анализата на процесот на интеграција

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон Преглед: Процесот на интеграција 1951-2005 во целосен преглед – развојни линии и прашања ...

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.