|
| |
Анализа на
процесот на интеграција (I) - Етапа 4
Од EEA до основањето на Европската унија
|
Зошто
повторна ревизија на Договорот во толку краток временски распон? |
Четвртата етапа од историјатот на ЕУ го опфаќа периодот од
Единствениот европски акт (EEA), од средината на 1987, до
влегувањето во сила на Договорот за Европска унија кон крајот на
1993. На почетокот вреди да се забележи дека од едната темелна
договорна ревизија до следната поминале само пет години, значи само
една четвртина од времето од Римскиот договор до EEA! Оттаму,
секако, како прво се поставува прашањето, на што се сведува ова.
Тука треба да се наведат повеќе фактори, при што може да се
направи разлика меѓу детерминанти внатре во
Унијата и надворешни
детерминанти. |
|
Детерминанти внатре во унијата |
Факторите на влијание внатре во
Унијата се поврзани, во прв ред,
со очигледната сопствена динамика на процесот на интеграција преку
проектот за внатрешен пазар и EEA. Така, внатрешниот пазар имаше
далекусежни површини на допир, меѓу другото, со монетарната политика,
политиката на доселување и политиката на азил, со сузбивањето на
прекуграничниот криминалитет и со социјалната политика, клучен збор
„социјален дампинг“. На многу актери тие површини на допир им се чинеа
како едно неизбежно „повеќе“ во заедничката политика во наведените
полиња. Освен тоа, состојбата на заедничка сопственост што енормно се
зголеми со EEA го повика во сеќавање „дефицитот на демократија“ на ЕУ сè
поболно и го направи повторното обединување на Германија на некои
држави-членки да им се чини како едно уште потесно сврзување на
Германија, која стана поголема и поспособна за дејствување.
 |
|
Надворешни
поттици |
Што се однесува
до новите надворешни
предизвици, што имплицираа на продлабочување на
интеграцијата, а тоа значеше и една нова ревизија на договорот, и тоа скоро по
EEA, можам да се ограничам на неколку клучни збора:
 |
Зголемената несигурност во меѓународните и целоевропските односи преку
големите преврати во поранешните социјалистички земји;
|
 |
Перспективите за пристап за барем некои од овие држави, кој без
претходна темелна ревизија, особено во интерните постапки на
одлучување во
Заедницата, се чинеше невозможен, без одржливо да
повлијае врз способноста за дејствување на ЕУ;
|
 |
Економската глобализација, која сè
повеќе правеше, економско-политичките и социјал-политичките мерки во
една национална држава да бидат неефективни. |
Сите
овие фактори земени заедно ја доведоа Комисијата и Европскиот
парламент како и претежното мнозинство на држави-членки да дојдат до
заклучок дека брзо и итно се неопходни натамошни чекори во насока на
продлабочување, иако тоа беше остро одбивано, особено од страна на
Велика Британија.
[Почеток
на страна] |
|
Преговорите за Договорот од Мастрихт - многу тешки |
Што
се однесува до целокупната, впрочем мошне интересна и возбудлива
предисторија, која конечно доведе до отворање на двете владини
конференции за монетарната унија и за политичката унија во 1991,
како и по однос на овие конференции, за жал морам да се ограничам на
неколку кратки забелешки.
Преговорите беа исклучително тешки заради различните интереси
и донекаде јасните дивергенции во претставите на државите-членки по
прашањето дали и како ЕЗ треба да се развива понатаму. Некои
централни точки, особено континуираниот отпор на Велика Британија
кон секаков вид ширење на социјално-политичката компонентана
Заедницата и нејзиното противење да се вклучи во планирата монетарна
унија, мораа да бидат обработени од страна на самите шефови на
држави и влади на самитот во Мастрихт. А, дури и овде договорањето беше можно само со голем број исклучоци и
дополнителни протоколи. |
|
Проблеми
по ратификацијата |
Освен
тоа, потешкотиите со новиот договор и по ратификацијата во
февруари 1992 се сè
уште далеку од надминати. Договорот од Мастрихт беше одбиен во јуни 1992
на референдумот, потребен во Данска, со сосем тенко мнозинство од
50,7 наспроти 49,3 проценти, со што целиот проект повторно се доведе во
прашање, бидејќи сите држави-членки мора да ја одобрат промената на
договорот. Дури по натамошни преговори и концесии на Данска, меѓу другото
во форма на Оптинг-аут-клаузула за монетарната унија, следното гласање
во мај 1993 го донесе саканиот успех (56,8 наспроти 43,2 проценти).
Но, проблеми со потребното одобрување имаше и во другите држави-членки.
Тука се мисли, на пример, на навистина тенкиот исход на еден референдум
во Франција (51,05 наспроти 48,95 проценти во полза на „за“) или
тужбите против Договорот во Германија, кои биле одбиени од страна
на германскиот Сојузен уставен суд дури во октомври 1993. Сето ова
доведе до тоа што Договорот за унијата можеше да влезе во сила со
значително задоцнување на 1 ноември 1993 година. |
|
Новини
на Договорот од Мастрихт |
Толку по однос на детерминантите и на предисторијатот на Договорот
од Мастрихт. Сега дозволете ми да ги резимирам неговите суштински
содржини. Најпрво треба да се констатира дека беше формирана
една нова организација, Европската унија, која, како што е прикажано
на сликата, опфаќа три столба под еден ист, заеднички кров.
|
|
Унија со три столба |

[Почеток
на страна]
|
|
|
 |
EЗ-столбот,
значи соработката што се потпира на Парискиот договор (ЕЗЈЧ), Римските
договори како и на EEA, кој сега, со Договорот од Мастрихт доживува
неколку важни дополнувања и промени.
|
 |
Заедничка надворешна и безбедносна политика
(ЗНБП) како „втор столб“, со кој понатаму се развива меѓудржавната
соработка во областа на надворешната политика (ЕПЗ) и истата се
поставува на договорна основа.
|
 |
Соработката во областите правда
и внатрешни работи како „трет столб“. И таа не е создадена од
ништо, туку тематизира веќе постојни, но и мошне рудиментарни приоди
на европско усогласување во овие полиња.
|
 |
Унијата се држи заедно преку своите своите опширни поставени цели и
својата вкупна структура, како што е запишано во општите одредби од
Договорот.
|
|
|
Новини
во првиот столб |
Во
ЕЗ-столбот
се
преземаат голем број на промениво институционална област како и по однос
на вклучените политички области, кои заедно доведуваат до одржлива
супранационализација.
Неколку примери:

 |
Воведување нова постапка на одлучување, која за Европскиот парламент
носи вистински овластувања за соодлучување;
|
 |
Повеќе одлуки со квалификувано мнозинство во Советот;
|
 |
Формирање комисија на регионите;
|
 |
Проширување на можностите за санкционирање за Европскиот суд во случај
ако државите-членки не ги почитуваат неговите одлуки или не го
спроведат правото на заедницата во дадениот рок;
|
 |
Проширување на одговорностите на
Заедницата во областите, кои се
придодадоа со EEA, како политика на истражување и технолошка политика,
политика на животна средина и регионална политика;
|
 |
Монетарна унија! Одредбите за монетарната унија, слично како и
програмата за внатрешен пазар од ЕЕА, ја претставуваат сржта на
Договорот од Мастрихт;
|
 | Се
вклучуваат нови области, во кои заедницата не била воопшто активна или
не била активна без ескплицитна договорна основа, како на пример
политика на заштита на потрошувачите, образование итн.;
|
 | Се
избра една сосем нова, дотогаш единствена конструкција за соработката
и за новоинволвираната социјална политика. Откако Велика Британија
упорно одбиваше да се согласи со макар и минимално проширување на
надлежностите на заедницата во оваа област, другите држави-членки
преку еден посебен протокол се договорија да го реализираат
проширувањето и продлабочувањето на актвностите на ова поле, што тие
сите го посакуваа и го сметаа за неопходно!
|
|
|
Втор
и трет столб: меѓудржавен |
Соработката во рамките на вториот и третиот столб, пак, со кои,
пак се положи сметка, пред сè,
на видливите површини на допирање со ЕЗ-столбот, по својот карактер
останува силно меѓудржавна. |
[Автор: Проф.
Др. Волфганг Шуман]
[Почеток
на страна]
|