Етапа 3
Нагоре Преглед Етапа 1 Етапа 2 Етапа 3 Етапа 4 Меѓубиланс

 


 

Европска унија

Анализа на процесот на интеграција (I) - Етапа 3

Од ЕЕЗ до Единствениот eвропски акт (EEA)

Вовед: централни карактеристики на процесот на интеграција



Поле на затегнатост супранационално - меѓувладино

Веќе кратката рамка на развојот, којашто досега ја анализиравме, ни овозможи да препознаеме една централна карактеристика на процесот на интеграција, која е врежана во овој процес како ниедна друга, имено постојаната затегнатост меѓу супранационалното обликување, кое го наоѓаме во ЕЗЈЧ, и меѓудржавните тенденции, што ги наоѓаме во Договорите за ЕЕЗ, каде можеше да се констатира поместување на надлежностите од супранационалните органи кон државите-членки. Ова поле на затегнатост може да се најде и во временската рамка, за која сега треба да стане збор, имено од основањето на ЕЕЗ до првата голема договорна промена, т.н. Единствен европски акт (EEA), во 1987 година.

Поле на затегнатост Проширување – продлабочување

Второто поле на затегнатост, кое исто така не го утврдува само времето меѓу ЕЕЗ и ЕЕА, туку е и денес од најголемо значење, е полето меѓу проширувањето и продлабочувањето. Овие две треба да бидат наш компас и да ни бидат водичи во натамошното испитување на развојот на ЕУ, но стојат и во непосредна врска со главните прашања што ги наведовме на почетокот.

Супранационални тенденции

Да започнеме со супранационалните тенденции на оваа временска рамка, а тука навистина треба да се наведе една цела редица:
 
bullet Создавањето заеднички институции за трите постоечки заедници, ЕАГ, ЕЗЈЧ и ЕЕЗ, преку т.н. Договор за спојување, кој беше ратификуван во 1965 и влезе во сила во 1967.
bullet Замената на финансиските придонеси на државите-членки со опремување на заедницата со сопствени средства преку одлука на Советот од 1970.
bullet Основањето на европска ревизија како и пренесување на засилени буџетски овластувања на Европскиот парламент (ЕП) со т.н. „Бриселски договор“ од 1975.
bullet Воведување на директни избори за ЕП што беше одлучено во 1976. Првите директни избори се одржаа во 1979.

[Почеток на страна]

Тоа беа формалните, јасно препознатливи резултати, кои упатуваат на еден супранационален развој.

 


Друг, уште поважен фактор на влијание, беше судството на Европскиот суд (ЕС). Во цела редица епохални одлуки тој јасно го промени Договорот за ЕЕЗ и му придаде елементи на устав за правилно постапување. Така, меѓу другото, се постигна принципот на индиректно и директно дејство на правото на ЕУ. ЕС даде предност на правото на заедницата пред националното право, а националните судови без вклучени во ЕУ-судството со тоа што беа охрабрени да се јават во ЕС при нејаснотии по прашања во правото на ЕУ.
На тој начин со Европскиот суд беше создаден еден правен поредок, кој беше сличен на оние од националните системи, беше над сето тоа што дотогаш беше познато од доменот на меѓудржавните односи. Тој правен поредок стана препознатлива карактеристика за единственоста на ЕЕЗ.
И за крај потребно е да наведеме уште една сосема важна точка, имено фактот што постепено во времето од периодот на нашето испитување, особено од почетокот на 80-тите, беа вклучени с
è поголема политички полиња во соработката во ЕЗ. Во таа смисла ЕЕА во основа само договорно го спроведе тоа што претходно беше пракса.

[Почеток на страна]

Меѓувладини тенденции

Вака би можеле да стекнеме впечаток дека ЕЗ јасно и отворено се развивала во насока на повеќе супранационалност. Дека тоа воопшто не беше така, може да се докаже ако фрлиме поглед на избрани развои што упатуваат во насока на меѓудржавност.
Да започнеме со т.н. Луксембуршки компромис од почетокот на 1966. За што станува збор
? Своевремено Советот на министри, централниот орган на ЕЕЗ, според Договорот од 1 јануари 1966 требаше да премине од едногласно одлучување во мнозинско одлучување. Но, француската влада под Де Гол одлучно го одби тоа. Откако потоа кон средината на 1965 не се дојде до согласност за спорното финансирање на аграрот, Таа ги повлече своите претставници во Советот за да спречи донесување одлуки. Оваа т.н. „Политика на празен стол“ беше првата голема криза на ЕЕЗ.
Таа беше разрешена во јануари 1966 со „Луксембуршкиот компромис“. Во него државите-членки се согласија да се откажат од предвиденото мнозинско одлучување, кога се засегнати виталните интереси на една држава. Затоа де факто важеше принципот на едногласност, како што е карактеристично за традиционалните форми на меѓудржавна соработка. Ова значеше јасен засек во историјата на интеграцијата.


Понатаму на меѓудржавен план дојде до воспоставување на надворешно-политичка координација меѓу државите-членки, т.н. Европска политичка соработка (ЕПС), во 1969. Таа, меѓу другото, претставуваше реакција на проширувањето со Данска, Ирска и Велика Британија, со што ЕЗ започна да претставува сè поголема меѓународна величина. Значајно за нашиот контекст е што ЕПС се одвиваше надвор од рамките на ЕЗ и на почетокот сосем свесно без однос кон неа и постоеше принципот на одлучување на едногласност, како што беше сосем вообичаено во нормалните меѓународни односи.

[Почеток на страна]

Поле на затегнатост проширување - продлабочување

Да преминеме на второто поле на затегнатост – проширувањето против продлабочувањето, а тука најпрво за редоследот на настаните. Проширувањето на заедницата во периодот меѓу ЕЕЗ и ЕЕА се реализираше во три чекора.
 
bullet Проширување на север со Данска, Ирска и Обединетото Кралство (1973)
bullet Проширување на југ (I) со Грција (1981)
bullet Проширување на југ (II) со Шпанија и Португалија (1986)

Значи, Заедницата по помалку од 20 години точно го удвои својот број на членки од самиот почеток. Тоа имаше цела редица последици, за кои веднаш ќе известиме. Но, најпрво да констатираме дека проширувањата секогаш беа поврзани и со ширење и продлабочување на соработката. Така, на пример, проширувањето од 1973 даде значајни поттици за воспоставување на ЕПС, проширувањата на југ, меѓу другото, пренесоа значајни импулси за создавањето и надградбата на регионалната политика.


Друга проблематична последица: поголемиот број држави-членки со себе донесе зголемена хетерогеност на интереси и темелни ставови за прашањето, за што ЕЕЗ треба да служи и како таа треба да се развива понатаму, и значајно ја отежна способноста за одлучување. Сетете се на тоа дека во тој момент, со оглед на Луксембуршкиот компромис, како и дотогаш морало да се одлучува едногласно.

[Почеток на страна]

Детерминанти на ЕЕА

Така доаѓаме до последната точка на етапата што се одржала речиси 20 години, на Единствениот европски акт (EEA) како прва голема договорна промена. Првото прашање што се поставува овде, несомнено е: како по две децении мирување во формалниот развој на ЕЗ можело да дојде до тоа, од каде дошле поттиците за него, кои фактори го овозможија тоа. Тука треба да се наведат, пред сè, три:
 
bullet Прво, зголемената способност за одлучување, имајќи го предвид барањето за едногласност (Луксембуршки компромис) и хетерогените интереси (проширување).
bullet Второ, сериозните, на почетокот на 80-тите години од страна на врвните политичари постојано изјавуваните стравувања, имајќи ја предвид способноста за одлучување и недостатокот на еден навистина заеднички внатрешен пазар, технолошки да се падне значително поназад од САД и Јапонија.
bullet Трето, фактот што или условено од промена на владите (во Велика Британија во 1979 Маргарет Тачер, во Германија преземањето на мандатот на Кол во 1982 и новите избори во 1983) или со процесите на промена на размислувањето (Франција: Митеран се одвраќа од дотогашната социјалистичка економска политика) претставите на владите во некои од големите држави-членки значително се приближија.


Владина конференција, Програма за внатрешниот пазар и EEA

Имајќи го ова предвид, посебните држави-членки и комисијата презедоа цела редица иницијативи, кои имаа за цел да ја направат заедницата повторно поспособна за дејствување. Тие се влеаја во Програмата за внатрешниот пазар, со која до крајот на 1992 сите сè уште постоечки пречки во дејствувањето меѓу државите-членки, пред сè нетарифните пречки во дејствувањето, требаше да бидат отстранети за да се создаде еден навистина заеднички пазар и во одлуката на Европскиот совет од 1985 да се свика една владина конференција за промена на Римскиот договор според член 235 од Договорот за ЕЕЗ, кој конечно доведе до EEA.
 

Новини за EEA

Накратко, новините содржани во ЕЕА беа следниве:
 
bullet Прифаќањето на цела редица нови политички полиња во рамките на политика што го поддржува договорот. Тука спаѓаат политиката на животна средина, но и политиката на истражувања и технологија како и регионалната политика.
bullet Прифаќањето на остварувањето на внатрешниот пазар како цел во договорот.
bullet Модификацијата и дополнувањето на постојните модуси на одлучување. Тука, меѓу другото, спаѓаше воведувањето на една нова постапка на одлучување што предвидуваше усогласувања во Советот на министри со квалификувано мнозинство како и значително проширени можности за влијаење на Европскиот парламент, кој до тој момент имаше само советодавна функција.
bullet Договорни регулативи за надворешно-политичката соработка на државите-членки, но надвор од Договорот за ЕЕЗ
 

Биланс на III етапа

Уставно-политички, еден значаен чекор во насока на супранационализација, а во доменот на материјалната политика, восхитувачко ширење на состојбата на интеграција, значи на политичките полиња вклучени во ЕУ-соработката што се потпираат на договорот, вака најдобро можат во една реченица да се резимираат промените поврзани со EEA. Притоа е важно да се види дека овие промени во таква форма не ќе биле можни без бројните мали чекори во последните години од основањето на ЕЕЗ ниту искуствата собрани во тој период во соработката меѓу и во државите-членки. Исто така заслужува да се нагласи и тоа дека овие промени од своја страна требаше да влијаат како важни фактори врз идниот развој.

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон етапа 4: од EEA до основањето на Европската унија

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.