|
| |
Анализа на
процесот на интеграција (I)
- Етапа 2
Од ЕЗЈЧ до формирањето на Европската економска заедница
|
Патот
кон ЕЕЗ |
Втората
етапа го опфаќа периодот од влегувањето во сила на Договорот за ЕЗЈЧ до
формирањето на
европската економска заедница (ЕЕЗ). Откако во 1954
година пропаднаа амбициозните планови за една
Европска одбранбена
заедница, а поврзано со тоа и Европска политичка заедница, значи за
една супранационална соработка во една високо политичка и сензибилна
област, се постави прашањето: „Што сега“? Во ваква состојба владите на
државите од Бенелукс доставија предлози за натамошни интеграциски
чекори, кои, пак, се концентрираа само на економската област. |
|
1955:
Конференција во Месина |
Предлозите на државите од Бенелукс беа тематизирани кон средината на
1955 од страна на министрите за надворешни работи на државите-членки на
ЕЗЈЧ на една конференција во Месина и беа прифатени мошне
позитивно. Беше ангажирана една комисија од владини претставници под
водство на белгискиот министер за надворешни работи, Паул-Хенри Спаак,
кој требаше да подготви еден извештај и
да ја покани и Велика Британија на
разговорите, која, пак, се повлече уште во ноември 1955, бидејќи не виде
можности за реализација на своите замисли за една лабава слободно
трговска зона. |
|
1956:
Извештајот на Спаак |
Извештајот на Спаак, доставен во април 1956 претставуваше основа за
преговорите, кои се одржаа во текот на таа година, а во кои донекаде со
навистина големи напори мораше да се најде рамнотежа на интересите,
особено помеѓу Германија и Франција. |
|
1957:
Потпишување на Римските договори;
Формирање на ЕЕЗ |
Но, на
крајот беше можно да се дојде до договор и договорите за основање на
една Европска економска заедница (ЕЕЗ) и една Европска атомска заедница
(ЕАЗ) беа потпишани (слика доле) од шесте држави-членки на ЕЗЈЧ на 25
март 1957 во Рим, оттаму и Римски договори, и
стапија на сила на 1
јануари 1958.

|
|
Елементи на Договорот за ЕЕЗ
|
|
Во
центарот: заеднички политики |
Најпрво
би сакал сосем накратко да ја резимирам содржината на нееднакво
значајниот Договор за ЕЕЗ, на кој би сакал да се ограничам во
овој преглед за 60-те години процес на
интеграција. На преден план стоеше целта на основањето на еден
заеднички пазар, значи на целосното отстранување на трговските
препреки помеѓу вклучените земји, во што заради функционалност спаѓаше и
една заедничка надворешна царина како и заедничка надворешно-трговска
политика. Токму со тоа се занимаваше и мнозинството од договорните
одредби. Наспроти ова, сосем општи останаа упатствата за координирање на
економската и монетарната политика како и на други области, како на
пример на аграрната политика, транспортната политика или одредени
аспекти на социјалната политика.
Ако договорот се спореди со уставот на еден национален политички систем,
имаме една сосем поинаква состојба. Ако во уставите на националните
политички системи едвај и да може да се најде нешто за политиките или за
одделни области, таквите одредби ја претставуваат сржта на Договорот за
ЕЕЗ.
|
|
Елементи
на Договорот за ЕЕЗ во преглед |

|
|
Институции |
Се
разбира, тој содржи и класични уставни одредби, и тоа таму, каде што
станува збор за воспоставување на институционалниот склоп за новата
заедница и за односот меѓу органите. По однос на оваа точка,
институциите, би сакал да наведам само неколку клучни збора, бидејќи
со ова опширно ќе се занимаваме во
основен курс 4. |
|
Поместување на надлежнос-тите во полза на државите-членки |
Како
основа за обликување на институционалната рамка служеше Договорот за
ЕЗЈЧ, што се покажа и по тоа што беше преземена ознаката за три од
органите (Совет на министри,
Собрание, Суд). Наместо Високата служба беше
формирана една комисија, која требаше да биде активна како иницијатор за
заедничката политика како и во нејзиното спроведување, а покрај тоа поседуваше
и сопствени надлежности. Во односот меѓу
Комисијата и
Советот
на министри, пак, можеше да се констатира, во споредба со ЕЗЈЧ, значајно
поместување на надлежностите кон Советот, а со тоа и кон
државите-членки. |
|
Биланс
на
II етапа |
Што се однесува до одредувачките фактори на процесот на
интеграција, за што сме заинтересирани, на крајот од
II
етапа
може да се каже дека очигледно директниот впечаток од војната, а
во врска со тоа и централниот мотив на обезбедување на мирот се
повлекоа, а како тенденција на преден план повеќе истапи
интересот на автономните национални држави. Тоа, меѓу другото,
се покажува на веќе споменатото поместување на надлежностите од
Комисијата кон Советот на министри, кон претставувањето на
националните држави во институционалниот склоп на
новоформираната ЕЕЗ. |
[Автор: Проф.
Др. Волфганг Шуман]
[Почеток
на страна]
|