|
| |
Анализа на
процесот на интеграција (I) - Етапа 1
Од крајот на Втората светска војна до ЕЗЈЧ
|
Обезбедување на мирот со основање меѓународни организации |
Анализата на процесот на европска интеграција ќе ја започнеме со
Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) и со прашањето:
Како дојде до неа?
Еден навистина одлучувачки мотив секако беше катастрофата од
Втората светска војна, која во повоениот период доведе до
основање на неколку организации, кои требаше да ја исклучат
можноста од нејзино повторување и да овозможат мирен соживот на
народите. Тука треба да се споменат, меѓу другото, основањето на
Обединетите нации уште во 1945.
Воспоставувањето на
Меѓународниот монетарен фонд исто така во 1945, како и на ГАТТ
што влезе во сила на 1 јануари 1948. Конечно, не треба да се
заборави формирањето на Европскиот совет, чиј статут беше
потпишан од страна на неговите членки-основачи во мај 1949. |
|
Потрага
по форми на потесна соработка |
Заедничко за сите досега спомнати меѓународни и европски организации
беше што, иако токму по однос на Европскиот совет т.н. „федералисти“ на
Хашкиот конгрес поставија многу подлабоки барања, сепак, стануваше збор
за чисти меѓудржавни форми на соработка.
Затоа поборниците за една европска сојузна држава, значи една форма на
далеку подлабоко спојување, бараа можности за да постигнат, барем во
одделни области, едно што е можно поголемо ниво на интеграција со надеж
дека, поаѓајќи од тоа, ќе дојдат до едно напредно проширување на
областите на соработка.

Од француска перспектива се понуди конкретна појдовна точка за една
таква стратегија во јаглената, железната и челичната индустрија, која
исто така им излегуваше
во пресрет и на националните интереси.
За соработка на ова поле ќе се земе предвид и развојот на германската
тешка индустрија, а ќе може да се унапреди и процесот на
германско-француското помирување.
Затоа во мај
1950
францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, достави еден
план за воспоставување служба за контрола на производството на јаглен и
челик во Сојузна Република Германија и во Франција, т.н. Шуманов план.
|
|
Април
1951: потпишување на Договорот за основање на ЕЗЈЧ |
Само
еден месец по доставата на планот беше повикана владина конференција,
која го тематизираше овој предлог, а веќе во април 1951 дојде до
потпишување на Договорот за основање на ЕЗЈЧ од страна на Франција,
Сојузна Република Германија, Италија, Луксембург и Холандија, во Париз
(слика долу).

|
|
ЕЗЈЧ
како супранационална организација |
На тој
начин се создаде еден сосем нов вид на организација и тоа во две
насоки: се работеше не само за една зона за слободна трговија, туку и за
етаблирање на еден заеднички пазар во една исклучително важна област за
тоа време. Државите-членки отстапија голем
дел од сувереноста на
новосоздадените супранационални институции. |
|
Склопот
на институции на ЕЗЈЧ |
Склопот
на институции севкупно се состои од четири централни институции: т.н.
Висока служба се состои од девет члена, кои ги извршуваат своите
задачи независно од државите-членки. Надлежностите што
и беа пренесени
со Договорот се мошне обемни и, меѓу другото, содржат забрана за
субвенции или во одредени услови контрола на цените. Нејзините одлуки по
овие прашања се директно важечки и обрврзувачки во сите држави-членки!

Советот
на министри,
кој се состои од по еден претставник по земја, служи за усогласување
меѓу Високата служба и владите. Освен тоа, во некои активности, иако тоа
не е случај со сите, треба да врши надзор. Така, на пример, неопходна е
негова согласност за објавување на манифестна криза, што беше предуслов
за оперирањето со квотите за производство. Начинот на гласање во
Советот
зависи од тематизираното прашање, при што е предвидено едногласно
гласање, апсолутно мнозинство и просто мнозинсто.
Заедничкото собрание се состои од претставниците испратени од
националните парламенти и врши чисто советодавна функција. Четвртата и
последна институција, која беше создадена со Договорот за ЕЗЈЧ, е
Судот, чија задача е да одлучува по конфликти меѓу државите-членки,
меѓу органите на ЕЈЗЧ како и меѓу државите-членки и органите врз основа
на Договорот. |
|
Биланс
од 1-та етапа: ЕЈЗЧ како нов вид на организација |
На
крајот од првата етапа од прегледот на развојот на ЕУ може да се
констатира дека со ЕЗЈЧ навистина беше создадено нешто сосема
ново, што темелно се разликуваше од сите други организации, кои беа
основани во тој период. Една структура, во чии рамки соработуваа
национални држави, но која покажуваше и јасно препознатливи
карактеристики, кои дотогаш беа познати само од националните политички
системи. |
[Автор: Проф.
Др. Волфганг Шуман]
[Почеток
на страна]
|