Меѓународен УНЕСКО едукативен сервер за образование за демократија, мир и човекови права
 
  D@dalos почетна Почетна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

Човекови права / Примери / Демократија / Партии / Европска унија / ООН / Одржливост / Глобализација

     

 

Методи:

Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот  /// критика, коментари?

 

Европска унија

Преглед на секвенците од основниот курс

Основен курс 1: Вовед во тематиката
Основен курс 2: Анализа на процесот на интеграција (I): Од ЕЗЈЧ до Договорот од Мастрихт 
Основен курс 3: Анализа на процесот на интеграција (II): од Договорот од Амстердам до референдумите во Франција и во Холандија
Основен курс 4: Институции на системот на повеќе нивоа на ЕУ
Основен курс 5: Проширувањето на ЕУ


Основен курс 1: Вовед во тематиката

Зошто се занимаваме со ЕУ?

Во рамките на овој основен курс од тематскиот комплекс за Европската унија (ЕУ) како прво сакаме да искористиме некое време за да дадеме неколку основни размислувања по однос на предметот, со кој сакаме да се занимаваме, значи со политичкиот систем на ЕУ. Зошто всушност да се занимаваме со ЕУ, што е тоа што ја прави интересна и важна? Кои особени барања се поставуваат при соочувањето со ова специфично здание, кое не одговара ниту во научно-политичката дисциплина „Споредбени системски истражувања“, ниту во дисциплината „Меѓународни односи“, бидејќи покажува карактеристики како на национален политички систем така и на меѓународната политика. 

Исклучително практично значење

 

Првата точка што ја прави ЕУ толку интересна е нејзиното исклучително практично значење; фактот што таа не само што се врежува во политиката и економијата, туку и во секојдневието, барем во државите-членки, во сè повеќе области и сè поодржливо. Како пример за ваквото влијание стои воведувањето на еврото како платежно средство на 1.1.2002! Тоа во меѓувреме оди дотаму, што едноставно повеќе не е можно да се разбере политичкиот систем на една држава-членка без познавање на ЕУ. Важни одлуки во голема мера не се донесуваат само во главните градови на државите-членки, туку во Брисел.

Важен меѓународен актер

Потоа, ЕУ претставува важен актер во меѓународната политика, на пример во преговорите во рамките на СТО (World Trade Organisation, www.wto.org).


Пример за успешно регулирање на конфликт

Како трето, таа го заслужува, секако, најголемиот интерес како успешно завршен експеримент на мирно регулирање на конфликт, аспект, кој токму кај помладата излезе од видното поле. Затоа тука треба да потсетиме дека државите, кои денес соработуваат на уникатен интензивен начин, кои создадоа заеднички институции и сега поседуваат заедничка валута, пред 60 години беа огорчени воени противници! Тоа исто така значи дека занимавањето со овој процес на премин од војна кон соработка можеби може да ни даде увид во предусловите за мирна соработка.

Предмет од сосем нов вид

Но, вреди да се спомне и дека за политичките науки таа претставува особено привлечен и возбудлив предмет за истражување. Таа се наоѓа на јазолот меѓу сегментарните дисциплини „Истражувања на системите“ и „Меѓународна политика“ и може мошне јасно да се препознае дека започнуваат да исчезнуваат границите помеѓу двете.  
Брзите промени на уставно-правната рамка и на составот на членките се поврзуваат со изобилството на високо интересните теоретски прашања, на пример: Кои се подвижните сили на овие промени?; Во кој правец водат?; Како можат да се опфатат овие процеси аналитички и концептуално? 

                                                     [Почеток на страна]



Потешкотии и барања при занимавањето со ЕУ
 

ЕУ како институција од нов вид

Така доаѓаме до прашањето: кои посебни барања се поставуваат при занимавањето со ЕУ? Што е тоа што го прави соочувањето со неа толку тешко? Дозволете ми со помош на три слики да Ви укажам на некои значајни точки.



Како прво, имаме работа со целосно нови институции, кои не се познати ниту од националната држава ниту од меѓународната политика, кои соработуваат на начин, кој исто така е без пример и кој е подложен на постојани промени. За да се стекне некаков преглед овде е навистина исклучително тешко.
 

ЕУ како систем со повеќе нивоа

Но, тоа не е доволно. Следната слика дозволува да се препознае дека кај ЕУ во никој случај не се работи за неколку нови институции, кои се непознати од националната држава, туку се работи за повеќеслоен систем со три нивоа: 

  • Супранационалното ниво со новосоздадените органи;
  • Нивото на државите-членки, на кое важни соиграчи не се само владите, туку и парламентите, сојузите, партиите, и конечно
  • Нивото на регионите.

Сите овие заедно ја сочинуваат ЕУ, ја одредуваат нејзината политика и текот на нејзиниот развој. Помислете на парламентарните дискусии за европската политика, кои во земји како Велика Британија и Данска играат централна улога. Или помислете на регионалната и делумно на аграрната политика, кои не би можеле да се спроведат без соработка на регионалните единици.

[Почеток на страна]
 

Трите столба на ЕУ

Но, и тоа не е доволно, како што покажува следната слика. Комплексниот систем на повеќе нивоа, кој сега го набљудувавме, се одигрува, имено, во вкупно три области или столбови, на различен начин.


 

Прв столб: ЕЗ

Најважниот и најобемен столб и понатаму претставува Европската заедница, чии овластувања значајно се проширија со Договорите од Мастрихт, Амстердам и Ница. Развој кој е вреден да се забележи, за кој ќе зборуваме поопширно. 

Втор столб: ЗНБП

Вториот столб, заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) од почетокот на 70-тите години практикуваната меѓудржавна надворешно-политичка соработка надвор од рамките на ЕЗ ја поставува на договорна основа - сепак една, во голема мера, меѓувладина основа надвор од Договорот на ЕЗ. 

Третиот столб: СПВП

Третиот столб, конечно, ја претставува соработката на државите-членки на ЕУ во сферата на правдата и внатрешната политика, која исто така е договорена надвор од Договорот на ЕЗ. Преку заедничките институции (Совет, Комисија, Европски парламент, Европски суд) и обемниот каталог на цели, овие различни делови на структурата на Унијата се барем делумно испреплетени. Сепак, јасно се разликуваат модусите на одлучување, тековите на одлучување и тежината на одделните вклучените институции и актери.

[Почеток на страна]



За придонесот од занимавањето со ЕУ
 

Разбирање на политиката на почетокот на 21 век

По овој краток и, се надевам, незастрашувачки преглед на посебните барања, кој поставува занимавање со ЕУ, се поставува секако прашањето, каква корист од тоа, да си го поставиме овој важен интелектуален предизвик, и на каков придонес може да се смета. Како прво, ќе се запознаете со една организација, која веќе денес меродавно го одредува нашиот секојдневен живот и без нејзиното познавање Вие во основа воопшто не би можеле правилно да ја разберете и оцените политиката, и тоа политиката и во границите на Вашата национална држава.  

Запознавање со владеењето вон националната држава

Централен апект е тоа што ќе ја запознаете политиката во нејзината институционална, процесуална и содржинска димензија, како што ја среќаваме сè повеќе и повеќе денес, имено без јасно делење на внатрешна и надворешна политика. Наместо тоа, и политиката се оцртува преку тесно преплетување на различните нивоа и енормната мера на сложеност. Ќе го запознаете новиот феномен на „владеењето вон националната држава“, со кој политичката наука сè уште има видливи проблеми. Овие потешкотии, меѓу другото, резултираат оттаму што во прашање се доведува традиционалното делење на дисциплините „компаративни системски истражувања“ од една страна и „меѓународните односи“ од друга страна.
Притоа, се разбира, не се работи за феномен, кој би бил ограничен на ЕУ. Исто така и во други функционални или регионални парцијални области, во доменот на меѓународната политика може да се забележи зголемено регулирање, а компартивните системски истражувања се конфронтирани со фактот дека на националната држава сè помалку може да се гледа како на неспорен политички центари на одлучување, кој самиот презема авторативни вредносни признаци. Така гледано, соочувањето со ЕУ преку овој предмет Ве води до актуелната основна проблематика на политичките (науки) во едно драматично променливо опкружување.  

[Автор: Проф. Др. Волфганг Шуман]

... понатаму кон Основен курс 2: Анализа на процесот на интеграција (I)

[Почеток на страна]

 
 

Нагоре

D@dalos почетна

Почетна

Графички преглед

Контакт

© 1998-2011 D@dalos - политичко образование, Воспитување за демократија, Образование за човековите права, Педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.), Веб: Агора